• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА

ВАЛОНА (20)

Септември во Валона (викенд пакети)

2 Ноќевања со појадок + бус


1 ден: Петок

 Поаѓање за Валона од Битола на паркингот Спортска сала во 03:30 часот со туристички автобус. Патот води преку Ќафасан низ Албанија по новиот автопат. Пристигнување во Валона во претпладневните часови, сместување во хотел 4* . Ноќевање1.


2 ден: Сабота

 Појадок. Ден за слободни активности и одмор. Во попладневните часови можност за факултативна посета (10 еур) на манастиорот Звернек, кој се наоѓа на малиот остров прекриен со борова шума, византиски манастир од 13 век посветен на Пресвета Богородица. За да стигнете до манастирот, се патува на дрвен мост (270 метри). Амбиентален ентериер. Целата област е многу живописна, особено на зајдисонце.Ноќевање 2.


3 ден: Недела

Појадок.По појадокот  слободен ден за уживање во тиркизното море. Попладне во 17 часот, поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Битола во доцните вечерните часови.  

 

Дати на патување :

11-13.09.2020 промо цена 69 евра до 05.09.20
редовна цена: 75 евра по лице

18-20.09.2020 промо цена 69 евра до 10.09.20
редовна цена: 75 евра по лице

25-27.09.2020 промо цена 69 евра до 17.09.20
редовна цена: 75 евра по лице

 

Сопствен превоз -20 евра од цената.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

 -Превоз со туристички автобус

 -Сместување во Hotel Real 4* во Валона на база 2 ноќевања со појадок

 -Организација и пратител на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

 -Патничко осигурување (задолжително е)

 -Факултативните излети и посети

 -Влезниците при посета на културно-историските споменици

 -Трансфери останати градови (10 Еур)

 -Доплата за ТРАНСФЕР на патници од Скопје, Велес, Кавадарци, Прилеп и Кичево: 10 € по лице

 

Хотелот Real 4* е новоиграден хотел се наоѓа во градот Валона, располага со двокреветни и трокреветни соби, лоциран на  250 метри од плажа ( Plazhi и Vjeter Beach).
Во близина на хотелот се наоѓаат ресторани, супермаркет…

Собите во хотелот се опремени со:  клима уред, ТВ, Wi Fi(бесплатен), мини фрижидер, фен…

За патниците со сопствен превоз има бесплатен паркинг.

 

АЛБАНИЈА (потребни документи за патување пасош или лична карта )
Протокол за патување :
– Отворени се границите
– Не е потребно одобрение за влез
– Не е потребен ПЦР тест
– Не е потребен карантин
– Не е потребна самоизолација

 

Градот Валона се наоѓа во југозападниот дел на Албанија, на граница помеѓу Јадранско и Јонско море Во центарот на Валона може да се посети градскиот плоштад и Споменикот на независноста а во пошироката околина тврдината Канина која во XII век како епархија била дел од Охридската архиепископија. Официјална валута е „лек “, сепак не е проблем и да платите во евра, но кусурот го добивате во леки. Во секој маркет, ресторан, кафуле – за 1 евро добивате 130 леки. Отприлика 1:2 е соодносот со македонскиот денар.
Официјална валута е „лек “, не е проблем и да платите во евра, но кусурот го добивате во леки. Во секој маркет, ресторан, кафуле – за 1 евро добивате 130 леки. Отприлика 1:2 е соодносот со македонскиот денар.

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 30  патници. Пријавување е со уплата на 50 %,  останата сума се доплаќа најкасно 5 дена пред патувањето. Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето. Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата не се реализираат, а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи, агенцијата не сноси одговорност. Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.
Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).
Во Р.Албанија може да се патува со валидна лична карта на македонски граѓанин. Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд. Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување