• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ХОТЕЛ АМБАСАДОР 3*

Елегантно опремениот Хотел е лоциран на магистралниот пат Охрид-Скопје на 5 км. од градот Охрид и 2 км од охридскиот аеродром и на само 150 метри од брегот на Охридското Езеро, далеку од градскиот метеж и претставува идеално место за за тие што сакаат да се релаксираат, за организирање викенд одмори, летни аранжмани, подготовки на спортски екипи, реализирање на бизнис средби и семинари како и разни видови свечености. Хотел Амбасадор располага и со сопствен бар и нуди улсуги и за собен сервис 24 часа, како и услуги за сервиси за перење, пеглање, шиење, чистење обувки.

 

Капацитет

Хотелот располага со 21 соба од кои:
-12 трокреветни,
-5 четворокреветни,
-4 апартмани (каде можат да се сместат по 5 лица),
(со капацитет од посебни кревети за 76 лица.

 

Сите соби се: климатизирани, уредени со модерен мебел, со балкони со поглед кон езерската шир, со ТВ-плазма (приемник со кабловска телевизија), интернет (бежичен), директна телефонска линија, купатило/туш/фен за коса, телефакс, 24 – часовна рецепција со комплетна секретарска опрема, минибар, кликклак и масичка со 2 фотељи.

 

  • Сите цени се однесуваат по лице
  • Цените се со вклучен ДДВ и туристичка такса
  • Плаќањето се врши во денарска противвредност по среден курс на НБРМ