VILA GALANIS (12)

 

Куќа „Галанис“ е лоцирана долу на плажата во Афитос. Има голем, уреден, прекрасен двор од двете страни на куќата. Сите соби имаат директен поглед кон море. Сместени се на приземје и на прв кат. Двокреветни студија со два одвоени кревети и со можност за дополнително трето легло, во 5 соби. Веднаш до неа има приватен, затворен паркинг само за гостите на куќата. Опремена е со квалитетен мебел, кујна, сопствен тоален, ЛЦД-телевизори, клима и интернет, кои се вклучени во цената. Околу неа има барови и таверни.

 

За целосни уплати до 07 декември:

15% за сезонски цени | 10% за вонсезонски цени

 

Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1 и 2 лице

3 лице

31.5-7.6

7

79

35

7.6-14.6

7

119

35

14.6-21.6

7

139

35

21.6-28.6

7

159

35

Сезонски цени

Термин

Ноќевања

1/2

доп. легло  

28.6-7.7

9

490

100

7.7-16.7

9

525

105

16.7-25.7

9

585

115

25.7-3.8

9

585

115

3.8-12.8

9

585

115

12.8-21.8

9

585

115

21.8-30.8

9

515

110

Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1 и 2 лице

3 лице

30.8-6.9

7

159

35

6.9-13.9

7

139

35

13.9-20.9

7

99

35

Напомени и услови:
Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.
Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 или 10 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Плаќаат најмалку две лица.
За патниците кои нема да го користат превозот од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
 
За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
 
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути.
Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.
Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата.
Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 
Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените.
Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени во канцелариите. За информациите добиени од вработените на т.а. „Меридијан“, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации околу и за капацитетите, не може и нема да преземе одговорност.
Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. 
Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии. 
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
Туристичката агенција „Меридијан“ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци.
Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, т.а. „Меридијан“ ги објавува информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.т.а. „Меридијан“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Меридијан“ и на самата агенција.

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ чиј член и еден од основачите е т.а. „Меридијан“.
Тимот на “Меридијан” ви посакува убаво и спокојно лето, пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели.