КОПАОНИК

APART. KONACI ****
PUTNIK 4*
R’tanj Kopaonik Eco Resort and Spa (61)
Viceroy 5*(61)
Club A 3*(61)
Gorski Hotel & Spa 4*(61)
Хотел Зонед СПА 4* (35)

Копаоник, познат како Покривот на Србија, најголемиот планински масив во Србија и број еден зимска дестинација за одмор, но популарна и на лето.

Во својот највисок дел, Копаоник е како куќа со рамен кров, а овој дел се вика Равни Копаоник. Во областа на Равни Копаоник на надморска височина од околу 1780 m е сместено самото средиште на туристичкиот центар. Исто така,тука е и ски-центарот со над 55 км алпинистички патеки и 18 км нордиски патеки. Копаоник има ски патеки погодни за почетници и за искусни скијачи.

Највисокиот врв на Копаоник е Панчичев врв, на височина од 2017 м. каде се наоѓа мавзолејот на познатиот српски природонауник по кој и врвот го добил своето име.Последна желба на најголемиот српски научник од природните науки, Јосиф Панчиќ, била неговиот гроб да биде на оваа планина.

На Копаоник, во зависност од сезоната, гостите имаат на располагање бројни активности, како што се сноубординг и параглајдинг, за оние кои сакаат адреналин, планинарење (тука е Панчиќев врв, за најхрабрите, како и врвот Шиљак, Козје стене, Маркова стена, за оние кои се во нешто послаба кондиција), пешачки тури (Копаоник нуди голем број на (не)рамни патеки, каде што може да се оди сам или со помош на стручни водичи), а за оние кои сакаат предизвик, Копаоник е збогатен и со патеки за планински велосипедизам.

Копаоник ви нуди бројни едукативни и културно-историски тури и програми.

На Копаоник е можно да земете учество во некој од многуте образовни програми и обуки, меѓу кои, освен неизоставните ски школи, зимски спортови и јавање, кошарка, тенис ... Исто така, постојат различни програми за деца, училишта во природа, училиште за англиски јазик програми за губење на тежината и добивање кондиција, а бројните спортски терени се идеални за спортски подготовки. Копаоник е исто така дестинација за конгресен туризам.

Во околината на Копаоник може да се истражат манастирите (Студеница, Сопочани, Џурџеви ступови, Градац), може да ја посетите средновековната тврдина Маглиќ, што е уште подобро ако се спои со рафтинг на Ибар, а тука е и и винската тура (обиколка на Алексадровачката Парохија позната по квалитетно вино и ракија).

Можни се и излети, со закажување, а се организира и берење на сезонски шумски плодови и собирање на лековити билки.