• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

МИНХЕН (4)

 

1 ден 06.03.2020 САЛЗБУРГ
Состанок со групата на паркингот во 12.30 ч. и поаѓање за Салзбург во 13:00 часот. Дневно и ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
 
2 ден. 07.03.2020 САЛЗБУРГ
Пристигнување во Салзбург во утринските часови. Разглед на градот, пешачка тура: Дворец Мирабел и градина, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил, надбискупска резиденција, најстарите гробишта и најстариот ресторан во Европа од 8 век. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.
 
3 ден. 08.03.2020 МИНХЕН
Појадок. Напуштање на хотел и заминување за Минхен. Пристигнување во Минхен во претпладневните часови. Разглед на градот (факултативно): Дворецот Нимфенбург, летната резиденција на Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт. Слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Минхен. Сместување во хотел. Во вечерните часови фалултативна посета на пивница. Враќање во хотел. Ноќевање.
 
4 ден. 09.03.2020 МИНХЕН – ЛИНДЕРХОФ – ОБЕРАМЕРГАУ – НОЕШВАНШТАЈН – МИНХЕН
Појадок. После појадокот посета на живописното гратче Оберамергау (90km ), светски познат по традиционалната манифестација Христовото страдање на пат на Голготата, на која се посветени сите мештани за време на долготрајните подготовки и одржување на свеченоста. Потоа посета на најрепрезентативниот дворец – палатата на Лудвиг II, Линдерхоф (првобитно изграден во време на Максимилијан II за потребите за лов, кој потоа Лудвиг II искажувајќи ја максимално својата екстравагантност потполно го има преуредено во рококо стил а своите соби ги позлатил нештедејќи воопшто средства). Потоа се посетува бајковитиот дворец Ноешванштајн, подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој го инспирирал Волт Дизни да ги направи препознатливите шпици за бројни цртани филмови ….. Враќање во хотел.. Ноќевање.

 

5 ден. 10.03.2020 МИНХЕН 
Појадок. После појадокот напуштање на хотелот, попатна посетана на најголемото баварско езеро, Ким (Chiemsee). Возење со брод до “машкиот остров” – Херенкимзе. Во низата на раскошни палати изградени во времето на екстравагантниот крал, истоимениот дворец на овој остров кој е последен изграден во рококо стил, по модел на Версај. После посетата на палатата и музејот Лудвиг II. Во попладневните часови заминување.

 
6 ден. 11.03.2020 
Пристигање во пладневните часови


ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 209€/12.960 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239€/ 14.820 ден


Цената на аранжманот вклучува:
• Превоз со високотуристички автобус
• 1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Салзбург
• 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Минхен
• Професионален лиценциран пратител за време целото патување
• Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

 

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.


Цената на аранжманот не вклучува:
• Задолжителна доплата од 50€ за влезница во дворците: Херекимзе, Ноешванштајн и Линдерхоф (со трошоците за резервација) и карта за брод Приен – Херекимзе – Приен
• Разглед на Салзбург – 10€
• Разглед на Минхен со локален водич – 15€
• Патничко осигурување


НАПОМЕНИ:
• За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
• Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
• Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
• За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
• Останатите услови на патување важат според годишниот програм на Т.А.Меридијан
• Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
• Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.