• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ВИКЕНД ВО КОПАОНИК 01-04.02.2023 (5)

Традиционален ВИКЕНД на КОПАОНИК  

  

КОПАОНИК  е најголем туристички скијачки центар во Србија и најголем планински масив  и Национален парк во Србија. Со одлично припремените стази за скијање, овозможува неизмерно уживање за сите категории на скијачи.


Скијачкиот центар се простира на 64км стази и ски патеки ,уредени за Алпско и Нордиско скијање. За љубителите на ноќното скијање , во самиот ски-центар  осветлени се патеките на Панчичев врв, Караман, Гребен и Мало језеро. За најмалите скијачи има три ски-патеки со подвижни траки. Системот пак за вештачко оснежување покрива 97% од ски патеките, така да, скијањето на Копаоник е загарантирано. Сите патеки се добро поврзани со жичари и ски лифтови, а капацитетот е фантастични 34000 скијачи на саат. Тоа го овозможуваат: 1 Гондола која е затворена и ја поврзува населбата Брзече со ски центарот(Мали Караман), 3 шестоседи, 7 четвороседи жичари,10 ски-лифтови….


БРЗЕЌЕ е туристичка населба со многу хотели, вили и апартмани, во подножјето на Копаоник, на само 15 км од самиот ски – центар Копаоник. Затворената Гондола за 8 лица го поврзува Брзеќе со централниот ски центар-Мали Караман, а автобуси сообраќаат секој час од Брзеќе до ски-центарот Копаоник.   

        

Вила ИВАНОВИЌ – БРЗЕЌЕ - се наоѓа на 1100 м.н.висина, на 350 м.од Гондолата опкружена со букова и борова шума. Тоа се 2 објекти со дво, тро и четворо креветни соби и апартмани (100 кревети), секоја соба со тв, сопствено купатило, WI-FI, ресторан со домашна кујна, паркинг, скијачница…..


ТЕРМИН: 01 – 04.02.2023

89 ЕУР = 5500ДЕН. = 4 ДЕНА – 3 ПОЛУПАНСИОНИ

ПОЈАДОК  (шведски стол)  и  ВЕЧЕРА (супа, салата, главно јадење, десерт)


Туристичка такса од 1 еур на ден, не е вклучена во цената.


Деца со родители од 0 – 3 год. гратис – не користат ништо, а деца од 3 – 07 год. има попуст од 50 %, од 7-14 г.попуст од 30% – користат: храна и кревет. Трето и четврто лице над 12 год. во 1/3, 1/4 има попуст од 15 %. Можност за користење бежичен интернет…


ДОПЛАТА ЗА АВТОБУСКИ  ПРЕВОЗ – со вклучен превоз од Брзеќе до ски центарот  = 3000 денари,

 За деца до 14 години 2000 денари

Поаѓање во 00.15 часот на  , 01.02.2023 г.

– Сместувањето е во 14.оо часот, а напуштање на собите во 10.оо часот.

-Доплата за патничко здравствено осигурување (задолжително)-200 денари.