• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

КОПАОНИК (15)

Aвтобус 3 дена/ 2 ноќи

 

Копаоник - најголемиот планински венец лоциран во Србија, со највисоката точка Панчиќ Врв  со 2.017м. Централниот дел на висорамнината Копаоник беше прогласен за национален парк во 1981 година. На падините на Копаоник се наоѓа монденскиот ски-центарот Копаоник, кој е еден од најголемите во Југоисточна Европа со 25 ски-лифтови. Идеално место за одмор во текот на целата година, со голем број различни можности за туристите. 200те сончеви денови годишно се причина Копаоник да се нарече „планина на сонцето“ и 160 снежни денови во текот на годината го направија центар на зимскиот туризам и еден од најпосетуваните ски центри во регионот.


ПРОГРАМА:

05.03.2021      Скопјe-Копаоник                                                     

Поаѓање од Скопје за Копаоник од паркингот спроти Холидеј ИН, во 06.00 часот (состанок на група 20мин порано). Се патува преку граничен премин Табановце, со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Копаоник во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободен ден за индивудални активности. Вечера. Ноќевање.

 

06.03.2021      Копаоник

Појадок. Пешачка тура, разглед на Копаоник со водич. Слободен попладне за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање. 

 

07.03.2021     Копаоник-Скопје

Појадок. Слободен претпладне. Поаѓање за Македонија  (оклу 11.00часот) со попатна посета на Ниш- трговски центар. Пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

  •  99 €   за Јуниор
  • 109 €   за апп Краљеви Чардаци

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • Сместување во хотел по избор на база 2 полу пансиони
  • Пратител на група
  • Организација и реализација на аранжманот

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Туристичка Такса и Хотелско Осигурување 1,5 евро  
  • Доплата за еднокреветна соба

НАПОМЕНИ:

За реализација на програмата потребни се минимум 25 лица

Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари . Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.

Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.

Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и сатници.

За патувањето важат општите услови на Меридијан Травел.

Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.  

Пополнетост на автобусот е  максимум 75%, според новите протоколи за Ковид 19.