- Тел: 045/222-166
- Моб: 070/355-600
- Факс: 045/223-266
- info@meridijan.com.mk
- Бул. Ослободување
- Лок. 8, 6250 Кичево
8-МИ МАРТ
Истанбул со Принцески острови 2 (23)
ТЕРМИН: 04 Март 20121
1 ден 04.03.2021 СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски во 16:30 ч. Поаѓање за Истанбул во 17:00 h. Се патува преку граничниот премин Деве Баир и низ Бугарија. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден 05.03.2021 ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за сместување во хотел и краток одмор ( доколку собите се слободни) или сместување после првиот излет.
Започнува магијата... Истанбул од 1001 ноќ...
ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе ја разгледаме познатата црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и Подземната византиска од каде градот бил снабдуван со вода за пиење. Пешки продолжуваме до Капали чаршија ... Враќање во хотел. Краток одмор.
WATERGARDEN & EMAAR SQUARE MALL: Во вечерните часови ве водиме во најновиот монденски трговски центар во срцето на Аташехир, дел од Истанбул , на Азиската страна, отворен во 2017 г.
Еден нов стил на животот сконцентриран околу прекрасниот базен со фонтани.Ексклузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката – огнено шоу. .. многу ресторани, кафетерии, забавни паркови, кина... Враќање во хотел. Ноќевање
3 ден 06.03.2021 ИСТАНБУЛ
Појадок. Продолжуваме со 4 нови приказни за Истанбул од 1001 ноќ:
ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА: Посетана најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на обалата на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Го посетуваме Резиденционалниот дел од Палатата.
ЕВРОПСКИ И АЗИСКИ ИСТАНБУЛ: Панорамско разгледување на градот со автобус: Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на ФК Бешикташ, Галата мостот. Ќе го видите најголемиот и најпознат мост во Истанбул, над Босфор, граден по пример на Голден Гејт мостот во Сан Франциско, кој не води во Азија.Го посетуваме најубавиот дел дел од градот - Бејлербеи каде ќе имате можност да се прошетате и да пиете кафе покрај Босфор. Потоа ве водиме во местото Ускудар за да ја видите познатата џамија на Михримах Султан.
САФИР – облакодер: Највисоката зграда во Европа, 236 м. , со прекрасна тераса-видоковец, со спектакуларен поглед на Истанбул. Единствена можност да се вклучите во SkyRide -4D неверојатно доживување на симулација на лет со хелихоптер над Истанбул.
4 ден 07.03.2021 ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ
Појадок. Предлагаме прекрасен и релаксиран излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принчевите острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: коњска кочија –Пајтон, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период... остров на кој императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Препорачуваме ручек во еден од многуте рибни ресторани. На враќање одиме да ја посетиме Галата кулата ( влезница се плаќа на лице место).
ОРИЕНТАЛНА НОЌНА ПРОГРАМА: Прекрасна можност да уживаме во Ориенталните народни игри и песни, секако и на стомачниот танц. Шоуто го проследуваме со вечера и пијалок. Ноќевање.
5 ден 08.03.2021 ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот го ставаме багажот во автобус.. Магијата од 1001 ноќ продолжува.
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР:Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палатата... Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...), Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии...
ТАКСИМ: Слободно време за шопинг на Таксим плоштадот каде се наоѓа познатата пешачка улица Истиклал низ која поминува црвениот носталгичен транвај.
ФОРУМ: Напуштајќи го Истанбул го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум а во непосредна близина продавницата на Декатлон. Во попладневните /вечерните часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Бугарија.
ден 09.03.2021 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 €/ 6.140 Ден.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул - Скопје
- Сместување во хотел 3*- 3 НП
- Отомански и Византиски Истанбул излет
- Аја Софија – бесплатен влез
- Хиподром
- Сината Џамија
- Капали чаршија
- Посета на Таксим
- Посета на Форум и Декатлон
- Професионален туристички пратител на групата
- Професионален локален туристички водич
- Организирани трансфери од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес: 10€
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативни излети,влезници,метро карти:
- Европски и Азиски Истанбул – 15€
- Watergarden & Emaar square mall: 15€
- Крстарење по Босфор – 20€
- Крстарење кон Принчеви острови – 20€
- Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата (Резиденционален дел) – 25€
- Влезници за музеите со локален водич:
- Топ Капи Палата – 15€
- Харемот во Топ Капи – 10€
- Вечера во ориентален ресторан со стомачни танци – 35€
- Сафир Тераса: превоз+лифт+4Д : 25€
- Патничко осигурување 210 мкд.
- Доплата за еднокреветна соба
- Хотел со 3* - 60€
НАПОМЕНА:
- За реализација на програмата потребни се минимум 25 лица
- Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
- Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање,во случај на недоволен бој на патници.
- Пасошот треба да биде со важност мин. 6 месеци од денот на ваќањето.
- Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.
- Агенцијата го задржува правото за промена на термините за излетите
- За патувањето важат општите услови на Меридијан Травел
- Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
- Пополнетост на автобусот е максимум 50%, според новите протоколи за Ковид 19.