Кавала е еден од најубавите и најпознатите градови во Егејска Македонија. За време на Божиќните празници секоја година во самиот град се украсува мал брод кој е поставен во централното пристаниште.
АВТОБУСКИ АРАНЖМАНИ
БОЖИЌНИ МАРКЕТИ КАВАЛА (65)
-
Состанок на групата на Дрводекор во 04:30ч од Скопје и поаѓање во 05:00 часот од Дрводекор. Патување преку граничен премин Богородица со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавала во пладневните часови и сместување во хотел. Влезот во соби е после 14:00ч. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови во договорено време групна пешачка прошетка во Кавала. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
-
По појадокот се упатуваме на факултативна посета на градот Драма каде групата ќе има можност да го посети едно од најпознатите Божиќни села во Грција. Слободно време за индивидуални активности и можност да се пробаат божиќни слатки "kourabiedes" (колачи со бадеми покриени со шеќер во прав) и "melomakarono" (колачи со ореви полиени со сируп). Во договорено време враќање назад во Кавала. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
-
Појадок, по појадокот слободно време за индивидуални активности. Во договореното време тргнување назад за Македонија.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА: 129 ЕВРА
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз на дадената релација
- 2 ноќевања со појадок во Hotel 3*во Кавала
- Организација на патувањето и пратител
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Целодневна факултативна посета на Драма и Божиќниот маркет - 15 евра
- Туристичка такса 2,5 евра по лице
- Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
- За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место