ОЛИМПИК БИЧ
VILA TOMAS (80)
Олимпик бич Грција (Олимписка ривиера), одалечен 2 километри од Паралиа и поврзано со неа со шеталиште по должина на плажата. Многубројните таверни, ресторани, продавници даваат посебен колорит на оваа летувалиште. Претставува мирно место за одмор, погоден за семеен туризам со долга песочна плажа. Близината на Паралиа овозможува богат ноќен живот.
Вила ТОМАС се наоѓа на 70 м одалеченост од плажа. Вилата располага со 20 студија – 1/2 , 1/3, 1/4 стд , со комплетно опремена кујна, сателитска ТВ, клима (за користење на истата се доплатува кај сопствениците 5 евра од ден) , тераса , распоредени на приземје и 4 ката , со двор со простор за заедничко користење и дружење и место за багаж.
Вонсезонски цени по лице со вклучен превоз
Сезонски цени – наем на студио
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
За употреба на клима уред (ac+) во VILA TOMAS се доплатува во објектот (5€/на ден, каде што е достапен)
Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
Задолжително патничко осигурување
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 45 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.)
Места и сатница на поаѓање:
– Скопје, ( хотеl RUSIJA)
– Велес, (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Неготино, (бензиска пумпа “Макпетрол”)
– Гевгелија, во (бензиска пумпа, граничен премин)
Поаѓање од Грција: Истoт ден попладне
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
Корисни информации
* Сместувањето во студијата е по 14:00 часот, а напуштање на студијата до 09:00 часот по локално време
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
ПЛАЌАЊЕ И УСЛОВИ
Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари.