• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ARTOS HOUSE-10 ноќи/сопствен превоз (53)

Artos се наоѓа во центарот на Пефкохори спроти кафиќот Mamos, на околу 130 метри оддалеченост од плажата. Во близина на објектот се наоѓаат голем број ресторани, продавници, аптека и докторска ординација. Објектот е од понов датум и располага со убаво уредени двокреветни и трокреветни студија, кои се наоѓаат на високо приземје и на првиот кат. Секое студио има основно опремена кујна, купатило, тераса, TV и клима уред, чие користење се доплаќа 5€ на ден. Менување на постелнина е еднаш во текот на престојот.

 
 

 

плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

Влез во собите е во 16 ч а напуштање во 9 ч

По пристигнувањето потребно е да се јавите на претставникот за да Ве упати како да ја најдете куќата и да Ве регистрира. Доколку не можете сами да ја најдете, претставникот ќе Ве смести најбргу што може

за хигиената на собите за време на престојот се грижите сами и потребно е истите да ги оставите во чиста состојба (испразнет и исклучен фрижидер на 0, фрлено ѓубре, измиени садови…)

промени на веќе потврдена резервација во ист објект и ист термин се наплаќаат 15 еур

промена на датумот на патување и/или промена на куќата се пресметува како отказ од патување

ТРОШОЦИ ЗА ОТКАЗ ОД ПАТУВАЊЕ

10% ако патувањето се откаже од 150 до 45 дена пред почетокот на патување,

15 % ако патувањето се откаже од 44 до 30 дена пред почетокот на патување,

30 % ако патувањето се откаже од 29 до 20 дена пред почетокот на патување,

40 % ако патувањето се откаже од 19 до 15 дена пред почетокот на патување,

80 % ако патувањето се откаже од 14 до 10 дена пред почетокот на патување,

90 % ако патувањето се откаже од 9 до 6 дена пред почетокот на патување,

100 % ако патувањето се откаже од 5 до 0 дена пред почетокот на патување или во текот на патувањето

ЗА ВАЛИДНА РЕЗЕРВАЦИЈА БЕЗ ПОПУСТ Е ПОТРЕБНА УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА, ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ ПО КУРС 1 ЕУР=62 ДЕН. ОСТАНАТИОТ ДЕЛ СЕ ДОПЛАЌА НАЈДОЦНА МЕСЕЦ ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.