КАВОС

 

За повеќето негови туристи, Кавос веројатно претставува едно од најатрактивние места за забава и летување во Грција. Со епитет на најпозната "party metropola" на бреговите на јонското море, скриена како оаза за младите луѓе следбеници на дивите и луди забави, Кавос е лоциран на самиот југ на островото Крф. Многуте диско клубови и барови, придонесуваат да ова место живее со динамика на 24 часовен ритам. Центарелн дел на местото е главната улица која се протега паралелно со брегот, а покрај нејзе се изредени мноштво на барои, таверни, "фаст-фут" ресторани како Mc Donald, Pizza Hut, KFC и други. Најголемиот број на туристи кои го посетуваат Кавос, се младите на возраст помеѓу 18 и 35 години. Наоѓајќи се на јужниот дел од островот, од главниот град Крф е оддалечено скоро 48 километри, а од копното на Грција преку пристаништето Лефкими, околу еден час пловење со траект. Освен со објекти за забава, Кавос секако располага и со сите останати содржини, потребни за еден коректен одмор на Крф. Прифатливите цени за сместување и вонпансионски услуги, го издвојуваат од останатите слични места за забава на грчките острови, како најповолно и најприфатливо. Големиот број на европски познати DJ-и, кои секое лето гостуваат во клубовите на Кавос, се само дополнителен мотив за младите, својот одмор да го минуваат токму во него и на Крф.