• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

БУДИМПЕШТА (23)

 

1 ден  17.04.2020 БУДИМПЕШТА   

 Состанок  на групата пред спортската сала Борис Трајковски  во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.


2 ден   18.04.2020 БУДИМПЕШТА  

 Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина...  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. По разгледот, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Сместување во хотел...  Ноќевање.


3 ден    19.04.2020 БУДИМПЕШТА  - ВИЕНА  

 Појадок. Препорачуваме  посета на  Виена. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта.  Ноќевање


4 ден   20.04.2020БУДИМПЕШТА  - СЕНТ АНДРЕА   

 Појадок. По појадокот факултативно заминуваме  на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Можност за посета на OUTLET SHOPING CENTER PREMIER Слободно време. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.


5 ден  21.04.2020

  Пристигнување во утринските  часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 15.02.2020:  129 евра / 8.000 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  149 евра/ 9.240 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

Превоз со високотуристички автобус
2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта(околина)
Посета на Outlet Shoping center Premier
Организација на аранжманот
Лиценциран туристички придружникОрганизиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

Задолжително патничко осигурување 
Разглед на Будимпешта со локален водич 10€
Крстарење по Дунав  15€Посета на Сент Андреа  10€
Посета на Виена 35€
Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
Доплата за еднокреветна соба  3.100 денари

 

НАПОМЕНИ:

 За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници. 
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата 
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари 
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање 
Останатите услови на патување важат според годишниот програм 
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.