ФЕРАРА - градот на најубавите палати. Тој е град со бајковита убавина и голем број знаменитости, а најголемиот број знаменитости на Ферара датираат од 14 и 15 век. Заштитен знак на овој град е велосипедот кој доминира како превозно средство.

БОЛОЊА - главен град на регионот Emilia Romanga. Позната по својата архитектура во која доминира топлата црвено-портокалова боја, а самиот центар на градот, со оглед на тоа што има само половина милион жители, е многу голем и добро сочуван. Болоња се смета за гастрономски главен град во Италија, а шпагети болоњезе и болоња лазањи се специјалитети познати низ целиот свет. Денес, во Болоња се сместени некои од најпознатите факултети во Италија, како и најстариот универзитет во Европа, основан во 11 век.

РАВЕНА - Шармантен град кога го нарекуваат европска престолнина на мозаиците! Токму во овој град Данте Алигиери ги поминал последните години од својот живот, каде што бил погребан.

САН МАРИНО - Република Сан Марино е една од најмалите земји во Европа. Урбаниот центар на Сан Марино е заштитен со три кули на врвовите на Монте Титано ...