ВЕЛИГДЕН
ВЕЛИГДЕН ВО ЦРНА ГОРА И ХРВАТСКА 99€ (78)
17.04.2025 – Собир на групата во 22:00 часот на спортска сала Битола. Планирно поаѓање околу 22:30 часот.. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Точни сатници се одредуваат два дена пред поаѓање заради организација на пријавени патници од повеќе градови. Агенцијата е должна да ги извести патниците за место и време на поаѓање.
18.04.2025 – Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, прво место за посета е Острошки Манастир, изграден на карпи на 900 мнв. во 17 век, каде чудата не престануваат. Околу 2 часа ке се задржиме во Острог па потоа продолжуваме према Будва. Сместување. Во договорено време со водичот се посетува стариот град во Будва. Слободно време за уживање и прошетки во Будва. Ноќевање.
19.04.2025 – Факултативен излет до Дубровник со вклучен траект на заливот Бока Которска. Пристигнување во Дубровник разглед на градот со локален водич, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн… Дубровник е една од најпопуларните хрватски дестинации за туристите. Туристите од целиот свет доаѓаат да ја почувствуваат историјата на стариот град Дубровник и неговите ѕидини. Ѕидините се градени неколку векови, паралелно со развивањето на градот како трговска велесила. Тогашната Република Дубровник била принудена да изгради огромни ѕидини околу градот за полесно да се одбрани од напади…Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време со водичот враќање за Будва. Ноќевање.
20.04.2025
Во утринските часови планирано факултативна посета на КОТОР, КРСТАРЕЊЕ СО ГЛИСЕР, ПОСЕТА НА ПЕРАСТ, ГОСПА ОД ШКРПЕЉА, ТИВАТ И ПОРТОМОНТЕНЕГРО.
Забавата започнува кога одиме на крстарење. Првата посета е островот именуван по црквата која датира од 15 век, Богородица на Скрпела. Според морнарите се верува дека ја пронашле иконата на св.Богородица. Патниците ќе имаат време околу 20-30 минути да направат фотографии на островот. Станува збор за мал остров со интересна историја кој управувачот на глисерот ќе ви раскаже повеќе за тоа. Авантурата продолжува кога ќе стигнете во градот Пераст, град кој е под заштита на UNESCO благодарејќи на неговата барокна архитектура. И покрај тоа што ова место има само една главна улица, стариот град е полн со историаја, атракции и хедонистички искуства кои на посетителите ќе им остане во душа. Крстарењето завршува со забава на глисерот. По пристигнувањето во Котор, групата ќе има слободно време да се прошета низ стариот дел на градот, па во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват и секако фотографирање во ПОРТОМОНТЕНЕГРО. Патниците ќе имаат можност да уживаат во атрактивниот и лукзусниот Порто Монтенегро кој го нарекуваат уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус.
По разгледите се враќаме во БУДВА. Ноќевање.
21.04.2025
Одјавување од апартманите во 09 и 30 часот. Поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во доцните часови.
Промо цена до – 99 Еу за резервации до 15/03
Редовна цена: 109 еу
Во цената е вклучено :
- Превоз на наведената релација (трансфер од други градови доплата 15 еу)
- ТРИ ноќевања во Будва (апартмани вила ЗЕЦ)
- Посета на Бар
- Посета на Острошки Манастир
- Организација и водство на патувањето
- Пратител на групата за време на целото патување
Во цената не е вклучено:
- ДУБРОВНИК (со локален водич и слушалки) и вклучен траект на заливот Бока Которска – 35 еу,
- КОТОР+крстарење со глисер + Пераст + островот Госпа од Шкрпеља – ТИВАТ – ПОРТОМОНТЕНЕГРО – 45 еу,
- Патничко осигурување (Информации во агенција)
- Туристичка такса 1.5 еу по ден по лице
Важно
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата поради ситуации кои однапред не е возможно да се предвидат со оглед на ситуацијата со Ковид мерките.
- За селекција на седиште се доплаќа 10 еу по лице.
- Патувањето може да биде со валидна лична карта (За влез во Црна Гора) или пасош со важност најмалце три месеци пред истек ( за патници кои доаѓаат на факултатива во Хрватска)
- Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.