• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

БУДВА (15)

05.03. Петок                           Скопје - Будва

Состанок на групата. Поаѓање за Црна Гора во 23.00 часот. Ноќно возење преку граничниот премин Блаце, Приштина, Тирана, Подгорица со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

06.03. Сабота                         Будва

Во утринските часови попатна посета на Свети Стефан, остров во близина на Будва, еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран уште познат како „град-хотел“. Пристигнување во Будва и сместување во хотел. Можност за прошетка низ Стариот дел – каде се наоѓаат најважните културно-историски споменици, градските зидини, цитаделата, музејот, галеријата, црквата Св.Иван, марината, црквата Св.Јован Крстител, црквата Св.Сава. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

07.03. Недела                         Будва - Порто Монтенегро, Тиват и Котор

Појадок. Можност за факултативна посета на Порто Монтенегро– една од најлуксузните марини на Јадранското море. По разгледот на овој луксузен комплекс следува можност за индивидуални активности во Тиват, разглед на католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот Тиват), плоштадот „Култура“, црквата Св.Сава. Прошетката продолжува низ Котор каде може да се посетат: поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. Враќање во хотел. Вечерта, можност за факултативна вечера во ресторан. Ноќевање.

 

08.03. Понеделник               Будва - Острог - Скопје

Појадок. Напуштање на хотелот. Можност за посета на  манастирот Острог, еден од најпосетуваните светилишта во Црна Гора и на Балканот кој бил основан во 17 век од Митрополит Василије. Разглед на манастирот. Во договореното време поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови. 

 

Цена на аранжманот:  79 евра (4.900 мкд )

 

Цената на аранжманот е по ЛИЦЕ и вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Будва
  • Организација, реализација и придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Туристичка такса 2 евра по лице за двете ноќевања
  • Факултативна посета на Тиват и Котор – 15 евра
  • Факултативна посета на манастирот Острог – 5 евра
  • Факултативна вечера во ресторан
  • Влезници по музеите и културно историските споменици
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување

Напомена:

  • Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
  • За ова патување не е потребен PCR тест.
  • Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд