• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ДУБАИ (15)

Дубаи, во денешно време претставува синоним за луксузен живот и атрактивна туристичка дестинација - една од најпосетените во светот. Специфичен спој на комфор, помешан со традиционални обичаи и стил на живот. Дубаи е модерен град со преубави плажи, луксузни хотели, импресивна архитектура, високи згради, вештачки остров во облик на палма… Највисоката зграда на светот Burј Kalifа, единствениот хотел со 7 ѕвезди, 70 шопинг центри, покриен ски центар со 5 стази и многу други објекти го одземаат здивот со што посетата на Дубаи станува незаборавна. 

Плажите се песочни и со разновидни активности, а уживањето е неизбежно. Најпозната е Jumeirah Beach Park, која плени со својот бел песок и тиркизно плава боја на водата. Една од најпосетените атракции во Дубаи е пустинското сафари.

Проверете зoшто Дубаи во последните години е туристички центар број 1 во светот.

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                        

07.03  (Вторник)   СКОПЈЕ – БЕЛГРАД – ДУБАИ

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел “Holliday Inn” во 07.00ч. Организиран трансфер до аеродромот во Белград. Полетување за Абу Даби во 17.25 и слетување во 01.40ч. Организиран трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.

 

08.03-11.03 (Среда - Сабота)    ДУБАИ – АБУ ДАБИ

Појадок. Време предвидено за одмор, индивидуални прошетки, посета на плажа, факултативни излети:  

-Разглед на Дубаи со локален водич

-Пустинско сафари

-Екскурзија до Абу Даби

-Крстарење по Дубаи марината

-Miracle Garden

-Burj Khalifa

-Музеј на иднината

 

12.03 (Недела)  ДУБАИ – БЕЛГРАД - СКОПЈЕ 

Појадок и слободно време за кратка прошетка. Организиран трансфер до аеродром. Авионот од Абу Даби за Белград полетува во 14.05 и слетува во 16.50ч. Трансфер до Скопје.

 


ЦЕНА за уплати до 15 Јануари:

Хотел “IBIS ONE CENTRAL”

37.140 мкд (599 евра)

Хотел “SIGNATURE 1 HOTEL BARSHA HEIGHTS – TECOM”

 41.480 мкд (669 евра)

 

Цена на аранжманот:

Хотел “IBIS ONE CENTRAL”        40.860 мкд (659 евра)

Хотел “SIGNATURE 1 HOTEL BARSHA HEIGHTS – TECOM”   45.820 мкд (739 евра)

 


 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Автобуски превоз Скопје-Белград-Скопје

Авионски превоз Белград – Абу Даби - Белград со Визер

Аеродромски такси

Трансфер аеродром-хотел-аеродром

Кабинска торба со димензии 40х30х20 до 10кг

Сместување во избран хотел на база 5 ноќевањa со појадок во Дубаи

Локален водич за реализација на излетите

Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Виза за Дубаи 95 евра

Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг  - 4.200 мкд/ чекиран багаж - куфер до 20кг  - 5.600 мкд *( цената е променлива, инфо во агенција при резервација)

Патничко – здравствено осигурување

Туристичка такса која се плаќа во хотелот (околу 3 евра, по соба на ноќ, во зависност од категоризацијата на хотелот)

Факултативни излети: Разглед на Дубаи 50-60 евра, Пустинско сафари 50 евра, Екскурзија до Абу Даби 90 евра, Крстарење по Дубаи марина 60 евра, Burj Khalifa 124 кат влезница 45 -50 евра,

Посета на Чудесната градина (Miracle Garden) 60 евра, летање со хелихоптер 200 евра, Музеј на иднината 50 евра ...

 

 

 

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

- Потребни документи за виза: скениран пасош со висока резолуција и слика во JPG формат со бела позадина со големина како за пасош.

Факултативните излети ги организира локална туристичка агенција, пријавување и плаќање на излетите се прави на лице место.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

Патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.