• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ

Нови Сад со Палич и Суботица (67)

1.Ден 09.03.2023 (Четврток)

Состанок со групата во Прилеп во 21:45, во 22:00 часот поаѓање за Нови Сад. Патот води преку Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово и преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден 10.03.2023 (Петок)

Пристигнување во Нови Сад во раните утрински часови. Денот го започнуваме со разглед на Петроварадинска тврдина – втора по големина во Европа, вистинско ремек дело во системот на фортификација. Подземната воена галерија, Тунелот низ кој поминувал познатиот воз Ориент Експрес, силни ѕидови кои не се спротиставуваат на времето, мински полиња, пијан сат .... се само дел од атракциите на оваа мистериозна тврдина. Потоа следи панорамски разглед на Нови Сад каде што ќе имаме можност да го видеме универзитетскиот град, куќата во која живеел најпознатиот новосадски зет Алберт Ајнштајн со својата сопруга Милева Марич Ајнштајн, фудбалскиот стадион, каде што често се вжештува атмосферата, најпознатиот новосадски пазар „Футај“, модерните булевари и уште многу повеќе. Потоа следи кратка пешачка тура со посета на најубавиот историски дел кој го красат: централниот градски плоштад Слобода со впечатливи градби, најстарата куќа во градот „ Кај белиот Лав“, Владичкиот двор со Соборната Црква, главното градско шеталиште Змеј Јовина и Дунавска улица, зелената оаза на мирот Дунавски парк ... Пауза за слободно време. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Во 20:00 ч. организирана свечена вечера во ресторан, со богато мени и тамбураши. Ноќевање. 

3.Ден 11.03.2023 (Сабота)

Појадок. По појадокот поаѓаме за Палич и Суботица. Посета на напознатата винарија во Србија, винаријата Звонко Богдан проследено со интересна приказна и дегустација на вино. Потоа следи посета на Палич – езерото, раскошните паркови, необични градби од почетокот на XX век , нескојдневниот мир и тишина го прават Палич идеално место за одмор и релаксација. По разгледот на Палич се упатуваме за шармантната Суботица, каде што ќе имаме пешачки разглед на градот проследено со интересна приказна и посета на Корзо – познато шеталиште кое потсеќа на некое минато време, плоштад Слобода, Градската куќа која претсавува симбол на градот, споменикот на царот Јован Ненад, народен театар, градска библиотека, Синагогата која претставува право ремек дело, познатата Сина фонтана – бисер на градот и оаза на свежината и релаксација, палата Рајхл... После разгледот слободно време во центарот на градот за индивидуални активности. Пристигнување во Нови Сад околу 18:00ч. Слободно време. Ноќевање.

4.Ден 12.03.2023 (Недела)

Појадок. По појадокот поаѓањe за Сремски Карловци,  живописното гратче со прекрасно културно наследство. Туристички разглед на градот во кој се наоѓа најстарата гимназија, како и најстарата богословска школа со прв оддел пчеларство во Европа. Посета на позната винарија, каде што ќе имаме дегустација на вино, мед, посета на музејот за пчеларство и винскиот подрум. После кратка пауза патот продолжува за Белград. По пристигнувањето во Белград - главниот град на Србија, сместен на местото каде силниот Дунав ја љуби дивата Сава, на граница помеѓу исток и запад, на местото каде се судирале цивилизациите, рушен до темел десетици пати, денес е центар кој го посетуваат сите љубители на гастрономија, култура и ноќен живот. Посета на величенствената Свети Сава – најголемиот православен храм на Балканот, потоа се упатуваме кон Кнез Михаилова - пешачка зона, трговски центар и улица заштитена со закон како едно од најстарите и највредните знаменитости на Белград, со голем број претставителни згради и урбани куќи изградени кон крајот на 70- тите години на XIX век. Планирано поаѓање за Македонија во 17:00ч. Пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.


Цена: 139 еур / 8.600,00 мкд
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Велес, Скопје, Куманово

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз  со високо-туристички автобус на дадената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Нови Сад
  • Организација и водство на патувањето
  • Разглед на Петроварадинска тврдина со локален водич
  • Разглед на Нови сад со локален водич
  • Посета на Сремски карловски и винаријата со локален водич
  • Посета на Белград со разглед на Свети Сава и Кнез Михајлова
  • Организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено: 

  • Задолжителна туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција) 
  • Организирана свечена вечера во ресторан со богато мени и тамбураши – 25 евра
  • Факултативен излет до Палич и Суботица  – 20 евра - пријавување во агенција, плаќање во автобус.(Минимум 30лица)
  • Патничко и здравствено осигурување 150 мкд.
  • Индивидуални трошоци
  • Влезници во културно/историски споменици

НАПОМЕНА!!!

  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници 
  • Краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање 
  • Организаторот на патувањето во задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. 
  • За факултативните излети се потребни минимум 30 патници 
  • Патникот има обврска да го провери пасошот пред патувањето. 
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари 
  • За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет 
  • Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
  • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.