VILA PANORAMA (12)

Куќа „Панорама“ е лоцирана на средина помеѓу стариот и новиот дел на Сарти, и е прва линија на море т.е. на самата плажа, покрај шеталиштето. Дел од собите се сместени во сутерен т.е. по 5-6 скали надолу, останатите се на првиот кат и имаат страничен или директен, отворен поглед кон море и кон прекрасниот Атос. Во понудата нема пешкири. Забелешка е дека сите студија и апартмани се опремени со стар мебел (ве молиме да се информирате за сите детали) и комплетно опремени мали кујни, сопствен тоалет, ТВ, клима која се доплаќа во објектот (5 евра на ден) и интернет вклучен во цената.

Термин

Ноќевања

1/2 студио
сутерен

1/2 студио
поглед море

1/3 студио
стр. море

1/3 студио
поглед море

1/4 апартман
сутерен

1/5 апартман
поглед скали

1/5 апартман
странично море

27.6-6.7

9

390

490

535

585

535

605

645

20.8-29.8

9

400

530

565

615

565

635

675

6.7-15.7

9

410

540

575

625

575

645

685

15.7-24.7

9

425

575

635

685

635

705

745

24.7-2.8

9

425

575

635

685

635

705

745

2.8-11.8

9

425

575

635

685

635

705

745

11.8-20.8

9

425

575

635

685

635

705

745

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Цените се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 9 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 2.480 мкд. (40 евра)
    • За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
    • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При резервирање на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 2,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман
  • Агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации околу и за капацитетите, не може и нема да преземе одговорност.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата ги објавува информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.
  • Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата.