Tula House - сопствен превоз (53)

Tula се наоѓа во мирниот дел на местото, оддалечена околу 300 m од главната улица и околу 450 m од плажата. Во понуда се сместувачките единици на приземје и прв кат и имаат поглед кон дворот или улицата. Сите поседуваат чајна кујна, купатило, пешкири, комарници на прозорите, ТВ, Wi Fi интернет и клима уред (со доплата од 4€ на ден на лице место). Куќата поседува сопствен паркинг во непосредна близина.

 
 

 

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

 

• PL (помошен кревет) означува сместување на кревет на расклопување, фотеља или софа на развлекување, а сместување на француски кревет (по грчки стандарди) се третира како сместување на еден единечен и еден помошен кревет. Лице кое користи таков кревет не плаќа за истиот, односно го користи бесплатно.

• Такса за престој во висина од 0,5 eur на ден по сместувачка единица се плаќа на лице место, при влез во објектот.

 

НАПОМЕНИ:

• Во собите се влегува од 16:00 часот, а се напуштаат до 09:00 часот

• Патниците влегуваат во исчистени и спремни соби. За време на престојот сами се грижат за хигиената собите. Сместувачките единици не се опремени со пешкири (освен каде што е наведено), тоалет папир и средства за хигиена. Во сите сместувачки единици промена на постелнината се врши еднаш во текот на престојот.

• Димензиите на креветите во Грција се со поинакви стандарди од нашите, нормален кревет е со широчина од 75 – 90 cm, а француски (за 2 лица) 110 – 140 cm.

• Во некои објекти третиот и четвртиот кревет може да се помошни, со димензии и изглед различен од стандардниот, може да е фотеља, софа на развлекување или класичен кревет.

• PL (помошен кревет) означува сместување на кревет на расклопување, фотеља или софа на развлекување, а сместување на француски кревет (по грчки стандарди) се третира како сместување на еден единечен и еден помошен кревет. Лице кое користи таков кревет не плаќа за истиот, односно го користи бесплатно.

• Описите на куќите се од информативен карактер. За евентуалните отстапувања и квалитетот на услугите во склоп на сместувачкиот објект организаторот не е одговорен

• Дополнителни содржини во објектите се достапни со доплата (нпр. сеф, сауна, паркинг, ТВ, клима…)

• Сликите од објектите, поради разновидната структура се одбрани по случаен избор и не значат дека секоја соба, купатило или кујна изгледаат исто.

• Агенцијата не може да го гарантира квалитетот на интернетот на грчките оператори