• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Aparthotel Kopaonik (25)

Копаоник, покривот на Србија, како што го нарекуваат, е еден од најпопуларните зимски центри во регионот. Во својот највисок дел потсетува на куќа со рамен покрив, па го викаат Рамен Копаоник и токму тука е средиштето на туристичкиот центар. Овде се сместени голем број хотели, апартмани, вили, одморалишта и планинарски домови, како и спортски терени, базени, теретани, кино, продавници, ресторани и клубови. Копаоник е планина за забава на снег, но и за уживање на оние на кои спортот не им е приоритет.
Највисоката точка на оваа планина е Панчиќев врв, висок 2017 м. Националниот парк Копаоник е основан 1981 година и опфаќа површина од 11.810 хектари. Има 12 резервати и богатство од разновидна флора од повеќе од 1500 растителни видови. Туристичкиот центар, всушност, се наоѓа во срцето на националниот парк.
 
Програма
1 Ден Скопје- Копаоник
    Состанок на групата во 06:00 часот на Дрво Декор. Поаѓање кон Kопаоник преку Косово. Пристигнување во Брзече-Копаоник во предпладневните часови. Сместување во хотел. www.kopaapartmani.co.rs. Индивидуални активности, скијање и разновидни забави Вечера. Ноќевање
2 Ден Копаоник
    Појадок. Индивидуални активности, скијање и забави што ги нуди најубавиот туристички центар на Балканот. Вечера. Ноќевање.
3 Ден Kопаоник - Скопје
    Појадок. Индивидуални активности, скијање и разновидни забави. Во 16:00часот заминување за Македонија и пристигнување во вечерните часови.
Понуда на хотели и апартмани: 
 
Aparthotel Kopaonik се наоѓа во Брзече, 16км од ски стазите на Копаоник и е директно поврзан со Гондола која се наоѓа 300м од хотелот и води од Бела Река(Брзече) до Мали караман(Копаоник)Секоја соба е опремена со брачен или два одделни кревети, wifi, фрижидер,  сопствен тоалет и кујна.Скиите може да се чуваат во скијачницата од самиот хотел.Појадокот и вечерата се служат во ресторанот 

Услови за деца

*Деца до 2 г. (во придружба на две возрасни лица) бесплатно

*Деца од 2 до 6 г. (во придружба на две возрасни лица) плаќаат 50 % од дадената цена

 *Деца од 6 до 9 г.(во придружба на две возрасни лица),плаќаат 70 % од дадената цена

Користење само превоз Скопје-Копаоник-Скопје: 40€  / Еден правец 30€ /  Деца до 7год бесплатно