- Тел: 045/222-166
- Моб: 070/355-600
- Факс: 045/223-266
- info@meridijan.com.mk
- Бул. Ослободување
- Лок. 8, 6250 Кичево
8-МИ МАРТ
ПРОЛОМ БАЊА (15)
Велнес центарот Пролом Бањa е ексклузивен комплекс во кој рамнотежа на телото, умот и духот се постигнува на природен начин. Сите корисни својства на лекот Пролом вода се во служба на уживање, релаксација и ослободување од секојдневниот стрес. Пролом водата спаѓа во групата на води со високи балнеолошки вредности.
06.03.2021 (Сабота) СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата во 05:30 часот на паркингот спроти х. Холидеј Ин и поаѓање кон Пролом бања во 06:00 часот. Патување преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор. Пристигнување околу пладне и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор и релаксација во Велнес центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
07.03.2021 (Недела) ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Факултативно, во 10:00 часот заминување со автобуски превоз и локален водич до локалитетот Ѓавола Варош (градот на ѓаволот) природен споменик кој се состои од два, ретки во светот, природни феномени: земјени фигури, како специфични форми на релјеф што изгледаат многу привлечни и два извори на многу кисела вода со висока минерализација. Овие две ретки природни појави претставуваат вистинско светско чудо на природата. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за одмор и релаксација во Велнес центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
08.03.2021 (Понеделник) ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Организирана прошетка со локален водич до единствената црква – брвнара во овој крај, црквата Лазарица. Според народното предание, тука се причестила дел од војската на кнез Лазар спроти Косовската битка. Во портата на црквата има 6 стебла свиткани сливи, кои претставуваат посебен раритет. Заминување кон Македонијаво 13:30 часот и пристугнување во вечерните часови.
Цена на аранжманот 139 евра (8.620 денари)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
-Автобуски превоз на наведената релација
-Сместување во Хотел Радан 3* на база 2 полни пансиони
(Пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса, бесплатно Wi-Fi)
-Користење Велнес центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум
-Користење на затворен базен со лековита Пролом вода, теретана, фитнес сала
-Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич
-Туристичка такса
-Организација, реализација и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-Излет до Ѓавола Варош (автобуски превоз, локален водич и влезница) – 5€
-Доплата за еднокреветна соба 30 евра
-Задолжително патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници.
За овој програм важат Опшите Услови на патување на Меридијан Травел.
Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари.
Т.А.Меридијан го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
Во Србија се патува со пасош или лична карта.
За ова патување не е потребен PCR тест.