СКИЈАТОС
VILA SIRIOS (74)
Скијатос е дестинација каде нашите патници во 2023-ра година ќе може да уживаат во различните концепти кои ги нуди островот. Овде ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.
Термините за лето 2023 на Скијатос се од четврток до четврток, секоја среда навечер поаѓање
НАПОМЕНА: ЦЕНОВНИКОТ СЕ НАОЃА ВО СЛИКИ НАЈДОЛУ!
-За споен термин се сметаат (ПРОМО) цените. За истите не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
-За споен термин се сметат две суми од промо цените.
-За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз
-Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа + 50% од редовната цена.
-Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
-За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
-Поаѓањето е ден претходно од дадените термини во табелите или поточно секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
-Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација.
-Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
-Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект фирмата.
-За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и се пресметува од редовната цена.
-Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
-Активните попусти не се комбинират со други попусти
-Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
-Напуштањето на собите е во 10:00ч по локално време
-Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
-Доплата за туристичка такса 0.5е од ден ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
-Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
-Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
-Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
-Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
-При генерално чистење на секоја смена, студиото се напушта во 10:00ч по локално време.
-Студиото кое се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
-Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
-Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори а Ескејп травел како агенција нема било каква одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
-Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
-Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
-Објектот располага со 1/2 и 1/3 студиа на приземје и кат.
-Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
-Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first,last minute,Black Friday или промо понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
-Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Kuunaries Beach
Кукунариес е една од најпознатите плажи на Скијатос., се наоѓа на јужната страна на островот. Плажата е пространа и секој може да ужива на свој начин. Во бројните барови што се одоколу можете да се напиете Фрапе, ладно пиво или да се опуштите на лежалка со некоја книга. За љубителите на водни спортови има можност адреналински да го поминат денот, а секако имате и помирен дел каде што можете да уживате во интимна атмосфера.
Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos
Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина. Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Крстарење кое претставува целодневно уживање.
Веќе ви спомнавме дека овој остров е идеален за млади, љубители на денска и ноќна журка. Плажата БАНАНА е идеално место за младите посетители и секако за сите со млад дух. Овде имате Dj од пладне до полноќ. Журката е во полн ек уште во поладневните часови и трае со исто темпо до полноќ. Море, музика, пијачка, млади и разиграни луѓе, што повеќе може да посакате. Ова место навистина ќе ви се допадне и нема да ви здосади дури и секој ден од вашиот одмор да бидете тука. Секако ова не е класичен одмор, вака малку ќе се заморите, но кога ќе се вратите ќе спиете дома, може нели?!