Велосипедските патеки на прекрасното лигурско крајбрежје, познатите казина и културните настани го прават Санремо една од најатрактивните дестинации во Италија. Познат e како “град на цвеќето” поради неговото ценето производство на цвеќиња и расадници. Најстариот дел на Санремо се состои од кривулести, тесни улички кои водат према врвот на ридот кој е крунисан со црква. Туристичка атракција е прекрасната Руска православна црква со купола, изградена од богати емигранти во раните 1900-ти. Казното е едно од најпознатите знамнитости во градот, блескава бела палата со голем број опции за оние кои сакаат да ја пробаат среќата со задолжителен дрес код. Опуштете се во големи хотели, истражете ги прекрасните медитерански пејзажи и уживајте во Азурниот брег.