• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ТОСКАНА (15)

Фиренца – Сан Џимињано – Сиена – Пиза - Лука 

 

 

10 март (петок)   СКОПЈЕ – БОЛОЊА - ФИРЕНЦА

Состанок  на група на аеродромот во Скопје во 16.00 часот. Авионот за Болоња на Визер полетува во 17.55 часот. Слетување во Болоња во 19.45 часот. Трансфер до Фиренца и сместување во хотел. Ноќевање.

 

11 март (сабота)  ФИРЕНЦА

Појадок. Прошетка во главниот град и срцето на регионот Тоскана – Фиренца, еден од најпосетените градови во светот кој за италијаните, но и за целиот западен свет има огромно историско, културно, образовно и уметничко значење. Овој град се смета и за колевка на ренесансата, во него живееле и создавале многу уметници од XV и XVI век:  Брунолески, Ботичели, Рафаел, Леонардо, Микеланџело... Разглед на градот со водич: плоштадот Санта Марија Новела, Базиликата Сан Лоренцо, дворецот Медичи-Рикарди, Катедралата Дуомо - вистинско ремек дело на ренесансната архитектура и главна туристичка атракција на Тоскана, Плоштадот Сињорија, палатата Пити, Понте Векио најстариот сочуван средновековен мост на реката Арно-покриен и распослан со златарници и продавници за сувенири... Посета на Галеријата Уфици, една од најголемите и најстарите во светот, која содржи голем број бесценети ликовни дела од ренесансата и други периоди. Денес Уфици е меѓу најпосетените ликовни музеи во светот. Слободно време за посета на трговскиот центар Mercato Centrale или пак да седнете на ручек во ресторан на некој плоштад, да пробате традиционален Фирентонски стек и да се засладите со десертно вино во кое ќе натопувате cantuccini- класични тоскански колачи со бадеми. Ноќевање.

 

12 март (недела)   ФИРЕНЦА  – САН ЏИМИЊАНО - СИЕНА - ФИРЕНЦА

Појадок. Целодневен излет во живописните предели на областа Кјанти, светски познати по производството на врвни вина. Пристигнување во Сан Џимињано, типично тосканско гратче опкружено со винови насади и маслинови градини. По пристигнувањето во “градот на прекрасните кули”, мало утврдено средновековно гратче на ридот, познато по својата архитектура, а особено по кулите кои се гледаат од километри. Градот е познат и по белото вино Vernaccia di San Gimignano, кое се добива само од винови лози кои растат во околината и најдобриот сладолед во светот што можете да го најдете во Gelateria Dondoli. Слободно време за уживање во погледот од средновековните гратски ѕидини или кафе пауза, а потоа патувањето продолжува кон Сиена. Главна карактеристика на Сиена е нејзиниот средновековен изглед, што ја прави магична и посебна, горд сопственик на еден од најубавите европски средновековни плоштади  Ил Кампо, направен во облик на школка, а опкружен со палати на богати семејства од Сиена (palazzi signorili). Во целиот свет познат по својата уникатна архитектура и традиција за најголемата забава со луди коњски трки Палио, која се одржува два пати годишно. Разглед на градот: Катедралата Сиена, Палатата Публико, кулата Мангија… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Враќање во Фиренца. Ноќевање.

 

 

13 март (понеделник)  ФИРЕНЦА – ПИЗА –ЛУКА - СКОПЈЕ

Појадок. Факултативен излет до Пиза и Лука. Пристигнување во Пиза, дом на познатиот математичар и физичар Галилео Галилеј. Најголемата атракција во Пиза е секако полето на чудата каде се наоѓаат: катедралата (Cattedrale di Pisa), гробиштата на Светците (Campo Santo) и кривата кула од Пиза (Torre di Pisa) висока 56 метри - всушност камбанаријата на катедралата, која иако било планирано да стои вертикално, поради лошите темели и слабата почва, се накривила. Со својата светски прочуена накривеност, кулата привлекува стотици илјади туристи годишно. Патувањето продолжува кон Лука, родниот град на композиторот Џакомо Пучини, прошетка по шарените улици и разглед на градот познат по своето недопрено историско јадро од ренесансата: Плоштадот Наполеоне, Амфитеатарот, катедралата Свети Мартин... Трансфер до аеродромот во Болоња. Летот кон Скопје е во 20.20 часот. Пристинување во 22.00 часот.

 

Цена за уплати до 15.01:          439 евра (27.280 мкд)

Цена на аранжманот:          499 евра  (30.940 мкд )

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Авионски превоз на релација Скопје-Болоња-Скопје

Аеродромски такси

Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

Сместување во хотел Boston 3* во Фиренца на база 3 ноќевања со појадок

www.hotelbostonfirenze.it

Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

Разглед на Фиренца со локален водич

Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг  - 1.900 мкд/ чекиран багаж - куфер до 20кг  - 2.750 мкд

*( цената е променлива, инфо во агенција при резервација)

Организирана посета на Галерија Уфици 50 евра ( резервација, влезница, водич, слушалки)

 

Посета на Сан Џимињано и Сиена 65 евра

Посета на Пиза и Лука 60 евра

Туристичка такса 850 мкд   (се плаќа во агенција )

Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

Патничко – здравствено осигурување

Доплата за еднокреветна соба 6.500 мкд

 

Напомена:

На патниците кои нема да одат на излетот Пиза и Лука ќе им бидат обезбедени билети за локален трансфер Фиренца-Болоња.

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.

За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.

Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.