• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Белград – Нови Сад – Авалската кула – Сремски Карловци (24)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 69€ евра по лице, редовна цена 89 евра


СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ КОЈ ГИ ВКЛУЧУВА СИТЕ ТУРИ во вредност од 60 евра, со резервација во агенција го добивате за само 55 евра


Термин: 06.03-08.03.2021


трансфер од Струмица, Штип, Битола, Прилеп, Велес – 10 евра по лице

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Две ноќевања во апарт хотел Feel Belgrade – https://feelbelgradeapartments.com/
  • Автобуски превоз на релација Скопје- Белград-Скопје
  • Пешачка тура низ центарот на Белград со водич
  • Организација и водство на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителна доплата за туристичка такса едно евро по лице од ден
  • Задолжително патничко осигурување
  • Крстарење по реките Сава и Дунав со водич (превоз) – 20 евра
  • Посета на Нови Сад и Сремски Карловци со вклучена посета на винарија со дегустација на вино и водич– 25 евра по лице
  • Посета на Авала и Авалската кула со водич –15 евра по лице

ИНФОРМАЦИИ:

  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Граничниот премин Табановце
  • За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот
  • Сместувањето е во апартмани во строгиот центар на Белград, секоја соба има вифи, телевозор, кујна.

Попусти за деца:

  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 45 евра

1 Ден 06.03.2021 (сабота)

Собир на групата пред Дрводекор во Скопје во раните утрински часови. Патувањето не води преку граничниот премин Табановце каде можете да патувате со пасош или лична карта. Попатни паузи за одмор и освежување.

Планирано пристигнување во Белград во утринските часови, каде веднаш се упатуваме на прекрасна пешачка тура со локален водич и се запознаваме со центарот на градот. Турата започнува пред хотелот Москва, еден од најстарите хотели во Белград, па откако нашите домаќини ќе ни се претстават, започнуваме со патувањето низ историјата. На самиот почеток ќе се запознаеме со Белград преку некои основни информации и поими поврзани со историјата и развојот на градот. Прошетката продолжува во правец на палатата Албанија и познатата Кнез Михајлова. Застануваме на плоштадот Република, централниот градски плоштад, омиленото собиралиште на младите и центарот на сите случувања. Плоштадот Република е главниот плоштад на кој се наоѓа споменикот на кнезот Михајло, ослободителот на Белград од турското ропство, зградата на Народниот Музеј, Народниот театар. Од споменикот, прошетката продолжува по улицата Кнез Михајлова, централната градска пешачка зона, каде се наоѓаат едни од најубавите згради кои го красат Белград, како и голем дел на разни познати трговски марки. Потоа ќе ја видиме најстарата кафеана „Знак Питања“ и се упатуваме кон Соборната црква, зградата на српската Патријаршија и конакот на кнегињата Љубица, локација која може да се смета за една од клучните историски места во Белград. Тоа е место каде се преплетува духот на историјата на градот со неговата боемска страна и православието. Продолжуваме кон тврдината Калемегдан, скапоценоста на Белград. Средовековната тврдина Калемегдан, денеска е убав парк, кој го краси центарот на градот. Тврдината чија изградба започнала уште во 13-от век, на старо-римските темели кои подоцна го усовршиле австроунгарците, лежи на брегот на реката Сава и Дунав и е сведок на посетите на големите освојувачи како Атила Хана, Сулејман Величествениот и многу други. После видиковецот на Калемегдан се упатуваме на споменикот на благодарноста на Франција, големиот сојузник на Србија во Големата војна, потоа кон споменикот на Победата, кое е вајарско ремек дело, и до ден денешен е најголемиот и најсилниот симбол на Белград. Победникот го држи својот меч во една, а гулаб во другата рака и тоа дава силен симбол за духот на градот, кој секогаш гостите ги пречекува со раширени раце. Следува прошетка на Дорчол, во најстариот дел на градот, а името води потекло од турскиот јазик и значи раскрсница, кој денес убаво го доловува духот на отоманското и австроунгарското царство на Белград. По тесните улички на Дорчол стигаме до Бајракли Џамијата која денес е еден од најстарите споменици на културата на градот и е единствената зачувана џамија во Белград. Потоа следува пауза, време за одмор, моментот кога ги собираме впечатоците во кафе барот АВАНТУРИСТ, автентично белградско кафуле, создаден токму за љубителите на патувања, место кое го посетуваат сите туристи.

По запознавањето со Белград, се упатуваме кон хотелот, каде се чекираме и следува слободно време за одмор и индивидуални активности.

Во попладневните часови околу 17ч е предвидено незаборавно крстарење по реките Сава и Дунав, двете реки кои го спојуваат Белград и на градот му даваат сосема друга димензија. Ќе го видите залезот на Сонцето и ќе уживате во оваа прекрасна панорама на Белград. Организирано одење со автобус до марината и назад, а крстарењето трае околу час и половина. Поглед на Калемегдан, спојувањето на реките и прочуените белградски клубови, барови и сплавови на Сава, новиот проект на градот кој доминира над реката, Белград на вода, секако со присуство на лиценцираниот водич, кој на најубав начин ќе ви ја претстави современата историја на овој град.

Потоа заминуваме кон хотелот и има слободно време. Ноќевање.

 

2 Ден 07.03.2021 (недела)- Нови Сад и Сремски Карловци

Поаѓање од хотелот по појадокот во утринските часови, каде на некои 80км од Белград се наоѓа градот Нови Сад, центарот на Војводина и втор по посета после главниот град на Србија, град кој на своите посетители им пружи широк спектар на содржини.

Нови Сад, како и Белград, може да се пофали со повеќе вековна долга историја, чија најпозната знаменитост е Петроварадинската тврдина, една од најголемите и најзачуваните средновековни тврдини во Европа. Нови Сад денеска е домаќин на еден од најдобрите Европски музички фестивали ЕГЗИТ. Град со тесни и шаренолики улици, проткаени со духот на панонското гостпоримство. Тука се наоѓа и малиот, но исклучително значаен град за српската култура, Сремски Карловци.

Сремски Карловци се смета за најубавиот барокен град во Србија, град каде се наоѓа најстарата гимназија во Србија. Околината е збогатена со влијанието на планината Фрушка гора, со богат виногради, па така овде можеме да најдеме мноштво на мали вински винарии, каде можете да ги пробате најубавите вина во Србија.

Денот започнува со посета на Сремски Карловци, каде не очекува мал видиковец, каде ќе го видите градот од поинаква перспектива од каде се спуштаме кон центарот на градот, каде следува кратка пешачка тура на која ќе се запознаеме со најубавите знаменитости и градби на градот. Застануваме пред најстарата гимназија, во чија близина се наоѓа прочуената фонтана „4 лава“. Продолжуваме кон Соборната црква и старата римокатоличка катедрала. По прошетката која трае околу половина час, се упатуваме кон винските подруми, каде не очекува дегустација на едни од најубавите вина во Србија.

Потоа патот не води кон Нови Сад и Петроварадинската тврдина со фантастичен поглед кон градот. Потоа прошетка и запознавање со центарот на градот. Останатиот дел од денот е резервиран за индивидуални активности и за патниците кои сакаат можност за организирана посета на некој од традиционалните ресторани за ручек. Во договорено време групата се враќа за Белград и следува ноќевање.

 

3 ден 08.03.2021 (понеделник)

Авала – видиковецот и симболот на градот.Со своите 511 метри надморска висина, Авала се вбројува како планина, и е омилено место за излети, во пошироката околина на Белград. Место населено уште одамна, па и денес има остатоци од средновековната населба Жрнов, кој бил еден од првите линии за заштита на градот. Авала е заштитена со природните добра, која ја краси Авалската кула и споменикот на Незнајниот јунак. По појадокот се упатуваме кон Авала, и следува слободно време за обиколка на споменикот на Непознатиот јунак, и поглед кон Шумадија. По тоа се упатуваме кон Аваласката кула, која откако се појавила на телевизија во 20 век и по поставувањето на големиот репетитор, станала една од симболите на Белград за време на бомбардирањето во 1999 та година и била срушена. По реконструкцијата во 2010-та година, кулата повторно го враќа својот сјај, овој пат збогатена со тераса и прекрасен видиковец со кафе бар. Време за одмор и кафе пауза.

Потоа, продолжуваме со панорамско возење низ Белград, по еден од најголемите булевари кој води до Дедиње, дел од градот кој изобилува со скапоцени вили и зеленило, кој се смета за најекслузивниот дел на градот. Застануваме кај Белиот двор, резиденцијата на палатата на кралската Династија Караѓорѓевиќ, стадионот на Партизан (стадионот на ЈНА) и Црвена Ѕвезда (Маракана) и храмот Света Сава. Следува слободновреме за разглед и потоа се враќаме кон центарот на градот, до плоштадот Славија, кој претставува еден од најголемите и најпрометните кружни текови во Белград и улицата крал Милан, покрај зградата на Претседништвото и градското Собрание.

Патот го завршуваме кај новиот и најголем трговски центар во Белград „БЕО“ отворен годинава, каде ги има сите познати трговски марки, како и познатиот ланец кафулиња Старбакс. Слободно време за шопинг околу 3 часа. Предвидено тргнување за Македонија во вечерните часови.

 

Важни напомени:

–За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.

–За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници

–За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

–Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

–За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

–Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.

–Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

–За ова патување важат Општите Услови за Патување на Меридијан Травел.

–Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши или лична карта. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.

 

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можно. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)