• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ

Стразбур - Колмар 3НП (23)

Термин 07 Март


1 ден 07.03.2023 СКОПЈЕ

Состанок со групата на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“ во 10.30 ч. и поаѓање за Халштад во 11:00 часот. Дневно и ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден. 08.03.2023 ХАЛШТАД-МИНХЕН

Oчекувано пристигнување во Халштад во утринските часови. Прошетка низ малото селце Халштад кој се наоѓа во подножјето на планинскиот масив ДАХШТАЈН (Dachstein) кој е дел од Австриските Алпи и на бреговите на истоименото езеро кое го одзема здивот со својата убавина и изглед како од бајките. Слободно време за прошетка покрај езерото кое UNESCO го има ставено под своја заштита. Во договорено време поаѓање за Минхен.   По пристигнувањето, прошетка низ стариод дел на градот – плоштадот Карл, Фраурен Кирхе, новата Општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, операта... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности.  Ноќевање.

3 ден. 09.03.2023 МИНХЕН – СТРАЗБУР

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот.  Патувањето продолжува кон Стразбур. Пристигнување во пладневните часови во Стразбур/Колмар,разглед на градот со локален водич (факултативно) плоштадот Клебер, катедралата Нотр Дам, Астрономскиот часовник сместен во самата катедрала, куќа Kammerzellод XV век, квартот Малата Франција со типични шарени фасади на Алзас, Плоштадот де Републик, театарот, Европскиот парламент и Советот на Европската унија... Слободно време за индивидуални активности и прошетка.Сместување во хотел. Слободна вечер за одмор. Ноќевање.

4 ден. 10.03.2023 СТРАЗБУР – РИКВИР - КОЛМАР

Појадок.После појадокот можност за целодневен факултативен излет во Алзас -  Колмар и Риквир.

Селото Риквир е ведно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милион туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век... кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Слободно време за индивидуални прошетки.. Продолжуваме кон живописното градче Колмар се смета за најубавиот град во Европа. Овој древен француски град датира уште од 823 година, а со статусот на слободен град се здобил во 13 век, за времето на Светото Римско Царство. Со текот на времето власта врз градот се менувала помеѓу Франција и Германија, за по Втората Светска војна и прочуената битка наречена Колмарски џеб, конечно да и припадне на Франција. Се наоѓа во регионот Алзас и има околу 67.000 жители,разглед на градот: историскиот центар, црквата Св. Мартина, Доминиканска црква, Музејот Бартолди, Музеј Унтерлинден, слободно попладне за индивидуални прошетки низ центарот на градот. Во вечерните часови враќање во Стразбур. Ноќевање.

5 ден. 11.03.2023 СТРАЗБУР – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот, се упатуваме кон центарот на Стразбур. Слободно време за прошетка и индивидуални активности како и можност запосета на некои од музеите на Стразбур како и можност да се иксачите на камбанаријата на катедралата НотрДам која нуди прекрасен поглед на градот.Во попладневните часови можност за крстарење со панорамско бродче(факултативно)по реката ИЛ (Ill) и каналот Des Faux Remparts која го обиколува центарот на (Grand Île) Стразбур и историскиот дел La Petitt France или можност за посета на винарија со дегустација на вино во регионот Алзас.  Во вечерните часови заминување за Скопје.

ден. 12.03.2023СКОПЈЕ

Очекувано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 20.01: 299/ 18.540 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 329€/20.400 ден

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел 3* во Минхен – 1НП (ноќевање со појадок)
  • Сместување во хотел 2*/3* во Стразбур/ Колмар – 2НП (ноќевање со појадок)
  • Прошетка низ  Минхен
  • Професионален лиценциран пратител за време целото патување

 

Цената на аранжманот не вклучува:

Задолжителен пакет излети 120€ по лице

  • Посета на Халштад
  • Целодневен излет во Колмар и Риквир  
  • Разглед на Стразбур со локален водич
  • Крстарење со панорамски брод во Стразбур
  • Посета на винарија со дегустација на вино
  • Туристичка такса во хотел во Стразбур– 5€ по лице на ден( се плаќа во агенција)
  • Патничко осигурување без франшиза – 150 ден.
  • Доплата за избор на седиште 10€ по лице

 

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Попустите не се комбинираат
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди сатница на поаѓање