• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

БУДИМПЕШТА (15)

 

06 март (петок) БУДИМПЕШТА

Состанок  на групата пред хотелот „Холидеј ин“ во 16.30 часот. Тргнување за Будимпешта во 17.00 часот. Се патува преку Србија со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Ноќно возење.

 

07 март (сабота) БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Панорамско разгледување на градот: споменикот на Милениумот, операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, парламентот, црквата Св. Стефан, мостовите на Дунав, Будим, Кралската палата, Црквата Св. Матејас, Рибарската тврдина... Сместување во хотел. Вечерта, факултативна можност за крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови. Ноќевање.

08 март (недела) БУДИМПЕШТА – БРАТИСЛАВA

Појадок. По појадокот факултативнo - посета на Братислава. Разглед на градот: плоштадот со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, Палатата Palffy,Палатата Pauli ... Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови враќање во хотел. Во вечерните часови  факултативна можност за вечера во национален ресторан – традиционална унгарска Чарда, со фолкрорна  и музичка програма и специјалитети од унгарската кујна  Ноќевање.

09 март (понеделник) БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА       

Појадок. Одјава од хотел и посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби , и кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови пред заминување за Скопје  следи посета на шопинг центар Arena Mall . Во договорено време заминување за Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор како и гранични формалности.

10 март (вторник)

Пристигнување во предпладневните  часови.

 

Цена во предпродажба до 31.01: 6.760 денари  (109 евра)

ЦЕНА НА АРАНЖМАН: 8.000 денари (129 евра) 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација
Сместување во хотел 3*** во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Разглед на Будимпешта 10 еурКрстарење со брод по Дунав 15 евра
Посета на Сент Андреа 10 евраВечера во ресторан – чарда 25 евра
Посета и разглед на Братислава 25 евра
Влезници за музеите и културно-историските споменици
Задолжително патничко-здравствено осигурување
Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден.

Напомени:

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници, за реализирање на факултативни излети мин 25 патници

-Факултативните излети се уплатуваат првиот ден од патувањето како би можеле истите технички да се реализираат !

За овој програм важат опшите услови за патување

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.

При резервација на аранжманот се уплатува 30% од износот на аранжманот како авансна уплата.

Остатокот од аражманот се доплатува на 7дена пред поаѓање.


Општи напомени за патување:

Т.А.Меридијан го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

За време на разгледите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на редоследот на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посетa и сл.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.

 

Напомена: 

Организиран групен трансфер за сите дестинации од: Охрид, Битола, Прилеп , Кавадарци( Дреново) , Неготино, Струмица, Штип, Велес до местото на поаѓање во Скопје.

Трансферот е  комбиниран и групен за сите програми со сигурна реализација и ќе биде во раните утрински часови на денот на поаѓање и во попладневните или вечерните часови на денот на пристигање.

Времето и местото на поаѓање по градови кон Скопје ќе биде дефинирано мин. 1 ден пред датумот на поаѓање и истото ќе биде адаптирано спорд  дестинацијата кој има најрано време на поаѓање од Скопје.

Времето на враќање од Скопје кон наведените градови ќе биде дополнително утврдено и за истото патниците ќе добијат информација од пратителот на патување на секоја дестинација во автобус неколку часа пред пристигнување во Скопје.