• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ПРАГА (23)

1 ден 30.04.2020 ПРАГА

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски, во 11:30ч. Поаѓање на автобусот  12:00ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи


 2 ден01.05.2020ПРАГА

Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј.Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Вечерта, предлагаме  посета  на  Пивница во средновековен амбиент, со несекојдневна шоу програма, пиво, коленица и традиционална Чешка чорба... ќе Ве воодушеват мајсториите на средновековните витези, голтачите на пламен , стомачните танчерки...   (со  локален автобус).   Ноќевање.


3 ден02.05.2020ПРАГА - ДРЕЗДЕН

 Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато  : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни.  Враќање во Прага. Вечерта можност за крстарење со брод по реката В’лтавa.  Враќање во хотел. Ноќевање.


4 ден 03.05.2020 ПРАГА – ВИЕНА

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан.... Слободно време во Виена.Во вечерните часови  патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

5ден 04.05.2020  

Пристигнување во  пладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 10.03.2020: 129 евра / 8.000 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  149 евра / 9.240 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага  – Скопје
2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага
Посета и разглед  на Виена
Организација и водство на програмата
Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER  FREEPORT

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА

Задолжително патничко здравствено осигурување
Разглед на Прага со локален водич  (10€)
Факултативен излет Дрезден (30€)
Крстарење со брод по Влтава  20€)
Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма  (35€)
Туристичка такса 1 евро по лице на денВлезници за музеи и локалитети
Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден

 

НАПОМЕНИ

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Редоследот на седење е според редослед и датум на уплата
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓањеОстанатите услови на патување важат според годишниот програм на т.а.Меридијан
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање