• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ТИРАНА - ВАЛОНА (15)

ПРОГРАМА:

06 Март (Сабота)                   СКОПЈЕ - ВАЛОНА

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 01:30 часот. Тргнување за Валона во 02:00 часот. Се патува преку граничен премин Ќафасан со попатни паузи. Пристигнување во Валона и сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности: прошетка, шопинг… Ноќевање.

 

07 Март (Недела)                  ЗВЕРНЕК

Појадок. Слободно време за разглед на Валона. Можност за факултативна посета на манастирот Звернек, посветен на Пресвета Богородица, кој се наоѓа на многу мал и живописен остров, прекриен со борова шума. До него се доаѓа со пешачење по дрвен мост долг 270 метри што претставува незаборавно доживувањe и можност за фотографирање. Организирана вечера (факултативно) во ресторан. Ноќевање.

 

08 Март (Понеделник)         ВАЛОНА – ТИРАНА - СКОПЈЕ

Појадок. Поаѓање за Тирана и пристигнување во предпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадот Скендер – бег, булеварот на националните херои, старата џамија Аџи Елтем – Бег, парламентот…. Слободно време за прошетка. Поаѓање за Скопје со попатна пауза во еден од најголемите шопинг центри во Тирана – TEG Shopping Mall,  кој има преку 200 продавници и повеќе од 70 познати брендови. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

 

За уплата до 14 Февруари: 4.900 денари (79 евра)

Цена на аранжманот: 5.520 денари (89 евра)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус
  • Сместување во хотел 3*/4* во Валона на база 2 ноќевања со појадок
  • Посета на Тирана и TEG Shopping Mall,  
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Организирана вечера - 15 евра
  • Посета на манастиорот Звернек - 10 евра
  • Задолжително патничко – здравствено осигурување

Напомени:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 35 патници.

За овој програм важат Опшите Услови на патување на Т.А. Меридијан.

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00 денари.

Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Во Албанија се патува со пасош или лична карта.