Renaissance House - 10 ноќи/сопствен превоз (53)

20% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 02.05.2023 ЗА СМЕНИТЕ ОД 02.06-22.06.2023

10% ПОПУСТ ЗА КОМПЛЕТНА УПЛАТА СО РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 02.05.2023 ЗА СМЕНИТЕ ОД 22.06-30.09.2023

 

Renaissance Luxury Се наоѓа во Скала Потамиа, на главниот пат и околу 150 m од плажата а околу 100 m од центарот. Куќата е неодамна изградена,  нова и модерна. Се наоѓа под главниот пат а од едната страна е опкружена со борова шума. Добро е позиционирана, релативно блиску се и плажата, маркетите, таверните, пекарница, месарница… Во нашата понуда се 3 комфорни и модерно опремени апартмани (на приземје, прв и втор кат), предвидени за сместување на 4-6 лица. На приземјето е 1/6 апартман, /спална соба со француски кревет, а во дневната соба се француски и 2 единечни кревета, кујна со трпезарија, две купатила, од кои едното е помало, со туш, но без туш када/. На прв кат е 1/4+1 апартман, со поглед на море во далечина, /спална соба со француски кревет и дневна соба со аголна гарнитура, која се отвора во легло со нормални димензии, плус помошен кревет, кујна со трпезарија и купатило/. Апартманот на вториот кат е идентичен со тој на првиот, освен што има уште една голема тераса, од која се протега преубав поглед на море во далечина. Апартманите се опремени со мини кујна, тостер, миксер за фрапе, ел. бокал, пегла со даска за пеглање, фен…).

 
 

 

Напомени 
  • Услови за деца во студио/ апартман • две деца до 10 г. Можат да користат еден кревет. Дете 0-3 г може да престојува без сопствен кревет.
  • – Користење на интернетот, климата и пешкирите бесплатно.
  • АГЕНЦИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА ЈА ГАРАНТИРА БРЗИНАТА НА ИНТЕРНЕТОТ И НЕ Е ОДГОВОРНА ВО СЛУЧАЈ НА СЛАБИОТ СИГНАЛ И СНЕМУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ ПОРАДИ ТЕХНИЧКИТЕ ПРОБЛЕМИ НА ГРЧКИТЕ ОПЕРАТОРИ.
Курс 1 еур = 62 ден Tакса за престој во приватно смесување во Грција во висина од 0,5 ЕУР на ден по сместувачка единица (студио/апартман/дуплекс) се плаќа на лице место (на денот на влез во објектот).

За валидна резервација без попуст е потребна уплата од мин. 40% од вкупната сума во денарска противвредност по курс 1 еур=62 ден. Останатиот дел се доплаќа најдоцна 20 дена пред поаѓање.