• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

КОРЧА – ПОГРАДЕЦ - еднодневна (6)

Термини : 21.02 , 14.03 , 28.03.2021

ПРОГРАМА:

Состанок на групата во 05:00 часот на паркингот кај спортската сала. Поаѓање за Албанија. Патуваме преку Ресен, г.п. Стење. Пристигнување во Корча во утринските часови.

Корча е пријатен и топол град со улици од калдрма, необични куќи, паркови, зеленило, вкусна храна... се она што е потребно за туристите. Помеѓу другото, Корча се истакнува и како град на бројни религиски споменици. По пристигнувањето во градот, можност за посета на црквата Воскресение Христово. Слободно време за прошетка низ тесните улички на чаршијата, низ широката главна пешачка зона, посета на пивницата... околу пладне поаѓање за Поградец.

Пристигнување во Поградец после пладне. Тоа е еден мирен град, со богата историја и култура, инспирација за бројни уметници со својата природна убавина. Градот е сместен на западната страна на брегот на Охридско Езеро, па нуди смирувачки поглед на сината езерска идила. Популарен секако по вкусната пастрмка, тука имаме слободно време за ручек во некој од бројните ресторани, време за прошетки низ малото место, за уживање покрај езеро со поглед на галеби и лебеди кои го населуваат крајбрежјето.

Во доцните попладневните часови, поаѓање за Македонија и враќање во вечерните часови.

 

Цена: 700 денари

 

Во цената е вклучено:

- организиран превоз на дадената релација

- посета на Корча и Поградец

- лиценциран туристички придружник на патувањето

 

Напомена: За реализација на овај аранжман, потребно е минимум од 30 патници.