• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ВИКЕНД ВО ЦРНА ГОРА OСТРОГ (66)

ТЕРМИНИ:

  • 06.05 – 08.05.2022
  • 13.05 – 15.05.2022
  • 03.06 – 05.06.2022


- Будва - Сутоморе- Бар -


3 ДЕНА СО 2 НОЌЕВАЊА-АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ И ПРЕВОЗ СО ВИСОКО ТУРИСТИЧКИ АВТОБУС И СТРУЧЕН ВОДИЧ

МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО ЛИЧНА КАРТА


ПЕТОК - Состанок на групата во 14.00часот паркинг Борис Трајковски и поаѓање за Црна Гора.Се патува преку Косово и Албанија со попатни паузи за царински формалности и одмор. Пристигнување во Црна Гора (Сутоморе) во вечерните часови. Сместување. Ноќевање.

САБОТА - Во 09.00часот поаѓање за Острог. Посета на манастирот кој датира од 17 век, основан од Василие Острошки. Се посетуваат Горниот Манастир, Долниот Манастир и црквата која се наоѓа помеѓу Горниот и Долниот Манастир. Околу 14 часот патувањето го продолжуваат за Будва. Слободно време за индивидуален разглед на градот од околу 3часа. Враќање во Сутоморе во вечерните часови. Ноќевање.

НЕДЕЛА - Во 11.00 часот. Поаѓање од Сутоморе за Бар. Слободно време за прошетка покрај пристаништето во центарот на градот или пак посета на дворецот на Крал Никола во Бар. Во 14.00часот поаѓање за Македонија. Се патува преку Албанија и Косово. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Цена 1990 ден


Во цената е вклучено

-превоз на релација Скопје -Црна Гора -Скопје

-2 ноќевања во Сутоморе-апартманско сместување

-посета на Острог, Будва, Бар

-организација и реализација на патувањето

 

Во цената не е вклучено

- излетничка такса во Црна Гора 1 евро

- туристичка такса во Сутоморе 1 евро дневно по лице

-превоз до Острог (до Горниот Манастир) со комбиња

- патничко-здравствено осигурување


*доплата за 1/1 соба 50% од аранжманот

* 30% попуст за деца до 12години

За реализација на ова патување потребен е минимум од 35 патници.

 

НАПОМЕНА

  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • Се патува согласно моменталните протоколи за превоз.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот. Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група, и да ги почитуваат правилата и препораките на водичот.
  • Доколку дојде до откажување на аранжманот одорганизаторот на патување – парите се враќаат, а доколку патникот сака да го откаже патувањето тоа ќе биде согласно условите за патување
  •   Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот во програмата
  • Должината на слободното време зависи од објективни причини, агенцијата не учествува во организирање на слободното време на патниците
  • Согласно последно донесените протоколи за влез во нашата држава кои стапуваат на сила од 01-ви Септември (Службен весник 18.08.2021), Ве информираме дека за сите лица кои влегуваат и излегуваат во државата (домашни и странски) важат нови правила според кои секој патник мора задолжително да приложи:
  • Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот

    • SARS-CoV-2, односно примени најмалку 2 дози на вакцина против COVID-19;
    • Сертификат / потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
    • Медицинска потврда со негативен резултат од RTPCR SARS-CoV-2 тест, направен во рок од најмногу 72 часа пред влез/излез во нашата држава;
    • Потребен е исто така и негативен пцр тест не постар од 72 часа, брз антигенски тест не постар од 48 часа или потврда за извршена имунизација ( 14 дена втора доза ) за транзит низ Албанија за сите над 6 годишна возраст.
    • За влез во Црна Гора потребно е исто така потврда за извршена имунизација  (втора доза не постара од 6 месеци ) негативен пцр не постар од 72  часа како и брз антигенски тест не постар од 48 часа исто така и сетрификат за прележана корона не постара од 6 месеци.