• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Будва, 4ноќи (64)

Ако сте љубители на Јадранот, тогаш Будва е најдобриот избор за вас!

Прекрасна обала, убавото море, прекрасни плажи, сонце, убави луѓе… не е случајно што Будва и будванската ривиера важат за едно од најпривлечните туристички места! Ридестите предели, монументалната архитектура, прекрасните домашни вина и храна, живописни плоштатчиња се само дел од нештата што ја прават Будва прекрасна.

Во близина на Будва се наоѓа и Свети Стефан, некогаш рибарско село, кое денес е едно од најлуксузните летувалишта во Црна Гора, и воопшто на Јадранското море. Многу познати светски имиња од светот на филмот, музиката, дипломатијата, спортот и културата овде ги поминуваат своите летни одмори.

Списокот на убавини што можете да ги видите во Будва и регионот околу неа е долг, но она што е сигурно е дека овој медитерански рај нема да ве остави рамнодушни.


Програма
Ден 1 - 07.09.2021 (вторник)
    Состанок на групата на Дрводекор во 20:30 часот, поаѓање во 21:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Ден 2 - 08.09.2021 (среда)
    Пристигнување во Будва во утринските часови. Сместување во вилите. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Ден 3 - 09.09.2021 (четврток)
    Третиот ден е предвиден за факултативтна посета на градот Котор, Херцег Нови и Тиват. Најпрво се упатуваме кон Котор. Пристигнување и слободно време за индивидуален разглед на градот каде може да се видат Саат Кулата, Катедралата Св. Трифун, Православната Црква Св.Никола. По посетата на Котор се упатуваме кон Херцег Нови. Херцег Нови е град на брегот на Јадранско Море и во подножјето на планината Орјен. Херцег Нови е центар на Општина Херцег Нови и е најголем град со српско население на брегот на Јадранско Море. Градот бил познат и под името Castelnuovo. Поради важното стратегиско значење, во градот биле подигнати неколку тврдини. Прва во низата одбранбени линии била Цитаделата (позната и како Macel) чии остатоци денес лежат во непосредна близина на тврдината Forte Mare. Слободно индивидуално време за прошетка низ градот. Во договорено време се упатуваме кон Тиват. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Патувањето го продолжуваме кон Будва. Враќање во Будва. Ноќевање.
Ден 4 - 10.09.2021 (четврток)
    Слободно индивидуално време за капење и сончање, дегустација на вкусна морска храна во некој од локалните ресторани, одмор и релаксација. Ноќевање.
Ден 5 - 11.09.2021 (петок)
    Слободно индивидуално време. Околу Будва има бројни мали села кои вреди да се посетат – со фантастична архитектура, тесни улички богати со цвеќе, убави цркви, и неверојатен поглед на море – тие претставуваат уживање за сите сетила. “Будванската ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот (Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан…). Наша препорака е да посетите некоја од нив. Ноќевање.
Ден 6 - 12.09.2021 (сабота)
    Одјавување од собите во утринските часови. Време предвидено за индивидуална прошетка, шопинг. Во договорено време поаѓање кон Македонија.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 79 ЕВРА (4898 ДЕНАРИ)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

*4 ноќевања во Будва (апартманско сместување)

*Превоз со високотуристички автобус  

*Лиценциран пратител во текот на целото патување

*Организација и реализацијa на аранжманот

Во цената не е вклучено:

*Факултативен излет до Котор-Херцег Нови и Тиват - 15 евра
*Туристичка такса 1 евро по лице по ноќевање (се плаќа во автобус)       

                

 Напомена:

*Се патува со лична карта или пасош 

*За влез во Црна Гора не е потребен PCR тест, ниту тест за антитела

*За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 20 патници

*Доколку сме спречени да ја реализираме турата поради ситуацијата со која се соочуваме, уплатените средства ќе бидат рефундирани

*За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

*Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.