Hotel Diamond City 3* (74)

На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујукчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море на околу 40 километри од центарот на Истанбул, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри.
Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.

Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 60км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО!

ПО ПОТРЕБА ОРГАНИЗАТОРОТ МОЖЕ ДА ЈА ПРОМЕНИ ПРОГРАМАТА И ВРЕМЕТО НА ВРАЌАЊЕ!!!

Цените во табелата важат до 26.06.2021 до 16:00ч. Истите по дадениот рок ќе бидат покачени за 10%

План и програма
ПРВ ДЕН

Собирање на групата на паркингот на Вип Хотел во понеделник во  19 00 часот. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните три денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција. Цените се истакнати најдоле на програмата. Сместувањето е во хотел Diamond City  кој има своја приватна плажа.

Check in: 14:00 часот
Check out: 10:00 часот

СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ОСТАТОКОТ ОД ДЕНОТ.

Групата има слободно време за уживање покрај море и истражување на околината на Кумбургаз .

Ноќевање.

ПРВ ДО СЕДМИ ДЕН

Секој ден ззапочнува со појадок во хотел. Еден ден е предвиден за посета на Истанбул а тоа е третиот или четвртиот ден од програмата.
За точниот ден кога се оди во Истанбул, групата добива програма во автобусот кога се оди кон Кумбургаз.

Во Истанбул се посетува следното:

По појадокот, групата заминува на Крстарење по Босфор

09:30–КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

11:00- МОМИНСКА (ДЕВОЈАЧКА) КУЛА (Kiz Kulesi).

По крстарењето,групата се упатува кон Женската Кула истотака позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мало островче кое се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

13:30- УСКУДАР

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

16:30- EMAAR SQUERE MALL

. Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

ОСМИ ДЕН

Собите се напуштаат до 10:00ч по локално време, заминување кон Македонија во 17:00 часот. Куферите се остават во лоби или во просторија одредена за оставање на багаж. Слободно време до 16:30ч. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

Хотели и одморалишта на Дијамант Сити е одличен избор за сместување во Кумбургаз. Овој модерен хотел, чија историја започна во 1990 година, има 90 соби. Овој имот со 3* ѕвезди нуди 24-часовна услуга и комфорт.

Располага со двокреветни и трокреветни соби. Има бесплатен wi-fi, фен, и пешкири. 


 

Што е вклучено во цената
  • Седум ноќевања во хотел Diamond city Hotel 3* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
  • Автобуски превоз со високотуристички автобус
  • Бесплатни лежалки
  • Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола.
Што не е вклучено во цената
  • Туристичка такса од 0.5€ на ден (се плаќа во автобус)
  • Патничко осигурување (1 евро од ден)
  • Пакет вип од 65е
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Факултативни излети.
  • Доплата за сингл соба е 50% од редовната сума на аранжманот.
Факултативни излети

ВИП ПАКЕТ (Крстарење по Босфор, Моминска (Девојачка) кула, Ускудар, Emaar Squere Mall, Watergarden, и Таксим Плоштад)

 

Сакате да го доживеете Истанбул во вистинско светло? Сакате да ги посетите сите знаменистости и да се вратите дома полни со импресии? Дали сакате да бидете вистински патник кој следејќи ги постапките на европските туристи своите пари ги вложува во знаење, уметност, култура, традиција и храна наместо во шопинг на гардероба и секојдневни работи коишто ќе ги најдете и кај нас? Тогаш ние имаме ВИП пакет само за вас! Вистински избор за вистинските патници. Нормално за да поминете поевтино и да ви останат пари за шопинг последниот ден, ние истиот го намаливме.
Цена:65 евра (намалена од 75евра).

Важно
  • Хотелот е на барање. За ова понуда не се користат вредносните ваучери за откажаните аранжмани од 2020-та година.
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажена
  • За влез во република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месец пред истекување
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплатуваат 50% дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
  • Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола и Струга