• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ХОТЕЛ AQUALINA 4*

 

Хотелот Аквалина се наоѓа во туристичката населба Свети Стефан на 6 км оддалеченост од центарот на градот, на регионалниот пат Охрид - Св.Наум. Хотелскиот комплекс се наоѓа на брегот на Охридското Езеро, опкружен со површина од чиста вода на езерото од една страна и бескрајна зелена шума на националниот парк Галичица од друга страна. Оваа локација ви дава можност да поминете незаборавен одмор во стилот на модерното опкружување.
Хотелот располага со 84 соби од кои и еден апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски кревет, 7 соби со џакузи и француски кревет, 64 соби со двокреветни соби, 6 соби со трокреветни соби. Сите соби имаат LCD телевизор со кабловска телевизија, телефон, WI-FI, бања, мини бар, услуга во соба. Хотелот, исто така располага со сопствен паркинг бесплатен за своите гости. 

 

Попусти и доплати:

  • Соба со дополнителен кревет: - 30%;
  • Еднокреветна соба: +30%;
  • Доплата за полнпансион (ручек): 500,00 ден;
  • Деца до 5,99 години - бесплатно;
  • Деца од 6-11,99 год - 50%; 
  • Доплата за користење сауна / спа када: 610,00 ден. на ден.
  • Бесплатно користење на базени, лежалки и спортски терени;
  • Во цените е вклучена туристичката такса