• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

БУДИМПЕШТА (ВИЕНА-СЕНТ АНДРЕА) (65)

 

1 ден ПЕТОК (17.04.2020)  БУДИМПЕШТА

Состанок со групата на Дрводекор  во 18.00 часот, тргнување  во 18:30 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2 ден САБОТА (18.04.2020) БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав.Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта Крстарење со брод на Дунав со вклучен пијалок шампањ или безалкохолен пијалок. Прошетка и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.


3 ден НЕДЕЛА (19.04.2020) БУДИМПЕШТА –ВИЕНА 
Појадок. После појадокот, факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на Виена -булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург и слободно време за индивидуални прошетки.лот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Виена. Во попладневните часови враќање кон Будимпешта. Ноќевање.


4 ден ПОНЕДЕЛНИК (20.04.2020) БУДИМПЕШТА-СЕНТ АНДРЕА-СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот,организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки.
Во 13:00 часот посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

РЕДОВНА ЦЕНА....119 евра
ПРОМО ЦЕНА........99 евра (со задолжителна резервација на пакет факултативи 50 евра)  


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
*Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации,
*Сместување во хотел Berlin 3***  2НП   линк: http://www.hotelberlin.hu/en
*Придружник од агенцијата за време на патувањето,

 
*Организација и реализација на аранжманот

*Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци(црна река),Велес и Куманово.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

*Разглед на Будимпешта со локален водич - 10 евра
*Крстарење со брод по Дунав - 15 евра
*Посета на Виена -25 евра
*Посета на Сент Андреа -10 евра

*Патничко осигурување-300 денари

СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ- со сите вклучени факултативи (разглед на Будимпешта,посета на Виена, посета на Сент Андреа и крстарење со брод) – 50 евра по лице (со резервација во агенција)


НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

 Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)