• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Кападокија (15)

Aко постои бајка за магична земја од глина, веројатно ќе изгледа како Кападокија, која се наоѓа во централна Турција и е позната по уникатни карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Кападокија некогаш била дел од Византија, а денес изобилува со убавини кои го одземаат здивот. Од самовилските оџаци до подземните градови создадени во вулкански карпи и пештерските цркви. Природата како да си поиграла со ова интересно делче од планетата, кое секојдневно мами голем број туристи. Колоритните балони се неразделен дел од Кападокија и се надополнување на бајковитата глетка…

 

1ден    21 мај             Скопје – Истанбул – Кајсери 

Состанок на аеродромот во Скопје во 06:20ч и полетување во 08:40ч. Стоп во Истанбул, 11:15 -12.55ч. Слетување во Кајсери во 14.15ч. Организиран трансфер од аеродромот до хотел. Сместување и слободно време за индивидуални прошетки. Вечерта, факултативно, посета на традиционален турски ресторан со ориентални танци и музика, нешто што никого не остава рамнодушен. Враќање во хотел.  Ноќевање.

 

2ден    22 мај             “Срцето на Кападокија

Појадок. Целодневна факултативна екскурзија, “Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме… продолжува кон срцето на Кападокија со посета на  “Ѓореме музејот на отворено”– огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 9ти век на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме се вдлабени во карпите, со преубави фрески и живописни бои кои и денес ја задржале својата свежина, а најзначајна од нив е црквата Св.Василиј… Комплексот е под заштита  на УНЕСКО од 1984 год. Заминување кон Чавушин, напуштено село со пештери и грчки куќи.  Пауза за ручек. Попатна посета на работилница за грнчарство и можност да се купи рачно изработен сувенир.  Следи разгледот на  Пашабаги, со необичната формација на троглава самовил, а потоа посета на долината Дервент богата со природни камени форми со ликови на животни, различни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени “волшебни оџаци”. Враќање во хотел. Слободни активности. Ноќевање.

 

3ден    23 мај             Лет со балон - Ѓореме

Рано наутро околу 04.00ч факултативно летање со балон над Кападокија. Волшебно, незаборавно доживување... По лет следи здравица со шампањ и доделување на сертификат за летање со балон. Враќање во хотел. Појадок. Слободно време. Попладне, факултативно разглед на центарот на Ѓореме: општината, римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Tere, првите “самовилини оџаци”, улиците со сувенири и ресторани. Враќање во хотел.

 

4ден    24 мај “Голема мистична тура„   

Појадок. Одјавување од хотел. Целодневен факултативен излет: подземниот град Кајмакли, издлабен во вулкански камен во VII век пне, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови во Кападокија во кој се откриени 4 ката под земјата. Прошетка низ дел од долината Ихлара долга 16 км, позната по карпестите цркви, посета на манастирот Селиме кој потекнува од VIII век. Можност за пауза во некоја од традиционалните чајџилници долж реката Мелендиз. Пауза за ручек во познатото анадолско село Белисирма лоцирано во самата долина Ихлара. Трансфер до аеродром во Кајсери, полетување за Истанбул во 23:50ч.по локално време. Стоп во Истанбул 01:25 - 07:25ч. Слетување во Скопје 07:50ч.        

 

Цена за рана уплата до 06.05:               399 еур (24.740 ден) 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:                       499 еур (30.940 ден)

 

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул –Кајсери - Истанбул – Скопје со Turkish airlines со чекиран багаж до 20кг.

Трансфер аеродром – хотел – аеродром

Сместување во хотел Hotel Taşsaray – Урѓуп https://www.tassarayhotel.com/AffiliateH на база 3 ноќевања со појадок

Организиција на аранжманот и придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 

-          Туристичка такса 560 ден, се плаќа во агенција

-          Доплата за еднокреветна соба 3.500 ден

 

Факултативни екскурзии

Целодневен излет “Срцето на Кападокија” - трансфер, локален водич, влезници и вклучен ручек

55 €

Полудневен разглед на Ѓореме со посета на Црвената долина и турски вечер, закуска со шоу

60 €

Целодневен излет “Голема Тура Кападокија”- трансфер, локален водич, влезници и ручек

55 €

Пакет за сите 3 факултативи

155 €

Лет со балон ( цената може да се промени )

од 180 €

             

Напомена:

Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 62,00 денари. Калкулацијата е правена на минимум пријавени 20 патници.

За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.

При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.

Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање, доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

За патување во Турција потребно е сертификат за примени 2 дози (со поминати 14 дена од втората) или ПЦР тест или Рапид тест.

Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6месеци по завршувањето на аранжманот.