• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ИСТАНБУЛ (23)

ТЕРМИН: 08 Октомври 2020

 

1 ден 08.10.2020  СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ  

Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски  во 15:00 ч. Поаѓање за Истанбул во 15:30 h. Се патува преку граничниот премин Деве Баир  и низ Бугарија. Ноќно возење со попатни паузи.  


2 ден 09.10.2020  ИСТАНБУЛ 

Пристигнување во Истанбул во утринските часови.  Можност за сместување и краток одмор, доколку собите се слободни, а ако не се, после првиот излет се сместуваме.  

 

ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛВе водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамијаСултан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и Подземната византиска цистерна каде се чувала водата за пиење од каде градот бил снабдуван со вода. Пешки продолжуваме до Капали чаршија каде го завршуваме програмот. Краток одмор во хотел.

WATERGARDEN & EMAAR SQUARE MALL : Во вечерните часови ве водиме во најновиот монденски трговски центар . Еден нов вкус на животот, сконцентриран околу прекрасниот  базен со фонтани. Ексклузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката – огнено шоу. Све тоа надополнето со многу ресторани и кафетерии, забавни паркови, кина.... во срцето на Аташехир, дел од Истанбул , на Азиската страна, отворен во 2017 г.

Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 10.10.2020  ИСТАНБУЛ 

Појадок.  Продолжуваме со 4 нови приказни за Истанбул од 1001 ноќ:

ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на обалата на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Го посетуваме Резиденционалниот дел од Палатата.

ЕВРОПСКИ И АЗИСКИ ИСТАНБУЛ Панорамско разгледување на градот со автобус:  Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес),   стадионот на  ФК Бешикташ, Галата мостот. Ќе го видите најголемиот и  најпознат мост во Истанбул, над Босфор, граден по пример на Голден Гејт мостот во Сан Франциско, кој не води во Азија.Го посетуваме најубавиот дел дел од градот - Бејлербеи каде ќе имате можност да се прошетате и да пиете кафе  покрај БосфорПотоа ве водиме во местото Ускудар за да ја видите познатата џамија на Михримах Султан.

САФИР – облакодер: Највисоката зграда во Европа, 236 м. Висока со прекрасна тераса-видоковец од последниот спрат од Истанбул го гледате како на дланка. Единствена можност да тука се вклучите во SkyRide -4D неверојатно доживување на симулација на лет со хелихоптер над Истанбул.

ОРИЕНТАЛНА НОЌНА ПРОГРАМА:  Прекрасна можност да уживаме во Ориенталните  народни игри и песни, секако и на стомачниот танц. Шоуто го проследуваме со вечера и пијалок.

 Ноќевање. 

 

4 ден 11.10.2020   СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ  

Појадок.  Ги ставаме стварите во автобус. Магијата од 1001 ноќ продолжува. 

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата... Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии... 

ТАКСИМ:  Слободно време за шопинг на Таксим плоштадот каде се наоѓа познатата пешачка улица Истиклал низ која поминува  црвениот носталгичен транвај.

ФОРУМ:  Напуштајќи го Истанбул, го посетуваме големиот шоминг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум кој може да се посети.  Во попладневните /вечерни чласови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Бугарија. 

 

5 ден 12.10.2020  СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 18.09. 2020:    Хотел со 3* 79 € ,    Хотел со 4* 89 € ,     

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:                                 Хотел со 3* 89 € ,    Хотел со 4* 99 € ,    



 

Цената вклучува:

* Превоз со високотуристички автобус

  на релација Скопје – Истанбул - Скопје

* Сместување во хотел 3* / 4*  / 2 НП

* Отомански и Византиски Истанбул излет

   - Аја Софија – бесплатен влез

   -  Хиподром

   -  Сината Џамија

   -  Капали чаршија

*  Посета на Таксим

*  Посета на Форум

* Професионален туристички пратител на групата

* Професионален  локален туристички водич

 

Цената не вклучува:

* Факултативни излети,влезници,метро карти:

* Европски и Азиски Истанбул – 15 евра

* Watergarden & Emaar square mall: 15 евра

* Крстарење по Босфор – 20 евра

* Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата   (Резиденционален дел) – 25 евра

* Влезници за  музеите со локален водич: 

- Топ Капи Палата – 15 евра

- Харемот во Топ Капи – 10 евра

* Вечера во ориентален ресторан со стомачни танци – 35 евра

* Сафир Тераса: превоз+лифт+4Д : 25 евра

* Патничко осигурување 300 мкд.

* Доплата за еднокреветна соба 40 евра /***

                                                        50 евра / ****



НАПОМЕНА:

 * За реализација на програмата потребни се минимум 40 lica

* Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари

* Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.

* Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.

* Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.

* Агенцијата го задржува правото

* За патувањето важат општите услови на Меридијан Травел

* Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.

* Пополнетост на автобусот е  максимум 75%, според новите протоколи за Ковид 19.