БУДВА | 2Н 99€ (65)

Ако сте љубители на Јадранот, тогаш Будва е најдобриот избор за вас! Прекрасна обала, убаво море, прекрасни плажи, сонце, убави луѓе… не е случајно што Будва и нејзината ривиера важат за едно од најпривлечните туристички места! Ридестите предели, монументалната архитектура, прекрасните домашни вина и храна, живописни плоштатчиња се само дел од нештата што ја прават Будва прекрасна.

ПРОМО ЦЕНА: 99 ЕВРА

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 ЕВРА

 

Програма
Ден 1 – 07.03.2024 (четврток)
    Состанок на групата на Дрводекор во 22:30 часот, поаѓање во 23:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Ден 2 – 08.03.2024 (петок)
    Пристигнување во Будва во попладневните часови. Сместување во соби во центарот на Будва. Во договореното време прошетка низ Будва. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Ден 3 – 09.03.2023 (сабота)
    Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Дубровник. Следува разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за уживање во далматинскиот бисер. Враќање во Будва.Слободно индивидуално време.Ноќевање.
Ден 4 – 10.03.2024 (недела)
    Последниот ден е предвиден за факултативна посета на Порто Монтенегро - уникатен спој на Монте Карло, Сен Тропе и Порто Банус во едно. Главен инвеститор на целиот проект е канадскиот милијардер Питер Манк, бегалец од нацистичка Унгарија. Канадскиот милијардер за 3.26 милиони евра од владата на Црна Гора го купи целосно военото бродоградилиште “Арсенал” во Тиват и го претвори во марина за мегајахти и плац со површина од 24 хектари за изградба на станови наменети за продажба. Но, тоа повеќе воопшто не е така. Со никнувањето на првиот хотел со пет ѕвездички, The Regent, дури и Лорд Ротшилд и самиот изјавил дека се работи за вистинско чудо кое едноставно мора да се доживее. Потоа групата се упатува кон Тиват каде што ќе има слободно времеза ручек. Потоа посета на Котор. Во попладневните часови тргнување назад кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  •  Превоз на наведената релација
  •  2 ноќевања во апартманско сместување во Будва
  •  Организација на патувањето и пратител

 

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативна посета на Дубровник - 30 евра (задолжително е носење на пасош)
  • Факутлативна посета на Портомонтенегро Тиват и Котор – 15 евра
    Задолжителна доплата за туристичка такса 1.5€ по лице по ноќевање 
     Патничко осигурување
  • Задолжителна доплата за туристичка такса 1.5€ по лице по ноќевање 
  •  Патничко осигурување

 

 

НАПОМЕНИ:

  • За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
  •   Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
  • Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
  • За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За ова патување  потребна е валидчна лична карта додека за влез во Хрватска потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
  •  Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  •  Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  •   Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
  •  За овој аранжман важат општите услови на патување на Агенцијата