• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA THEO 10/11noki so sopsven prevoz

Куќа Theo се наоѓа во рамниот дел на Парга, кај фудбалското игралиште, од долната страна на магистралниот пат и во поширокиот центар на летувалиштето. Од плажата Piso Krioneri е оддалечена 350, a oд плажата Krioneri 450 метри. Куќата располага со двокреветни и трокреветни студија на приземје од задната страна на куќата /спротивна од патот/. Сите сместувачки единици имаат основно опремена кујна (садови, фрижидер, решо, прибор за јадење), купатило со фен, простор за седење пред влезот со гарнитура, телевизор, сеф и клима чие користење се доплаќа на лице место (4 еур на ден). Замена на постелнината и пешкирите е на 5 дена, а објектот има и бесплатен бежичен интернет, за чија брзина не можеме да гарантираме. Куќата има и сопствен паркинг кој се дели со соседната куќа и е со ограничен капацитет.

 
 

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

НАПОМЕНИ:

– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден, а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.

– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секоја оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.

– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-20 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или местална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.

– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.

 – Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.

– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.

– Потписникот на договорот за патување е должен да ги извести сите патници во договорот за сите услови од истиот.

– Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците кои патуваат со пасоши на други држави се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.

Во случај патниците да не добијат виза за престој во избраната земја, агенцијата не презема никаква одговорност и ќе се смета за отказ на патување од страна на патникот и ќе се применуваат утврдените условите од Општите услови на патување на организаторот на патување.

– Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување кои се составен дел од оваа програма.