ВИЛА ИМПРЕСС

 

Переа е градче кое одликува со долга песочна плажа  иоддалечена 20км од центарот на Солун. На плажата има се што е потребно за пријатен одмор: лежалки, чадори за сонце , кабина за пресоблекување, терени за одбојка, детско игралиште,безброј таверни, ресторани и барови. Во поголем дел плажата е песочна со плиток и постепено влез во вода. Без оглед на близината на градот, водата е чиста и во лето многу е топла.

 

Локација:       Се наоѓа на само 100м. од долгата песочната плажа во областа Переа.

Сместување:  двокреветно студио  и  четирикреветни  апартмани на втори кат.

Опрема:          модерно опремени  АПП - дневна соба со софа на спуштање , опремена кујна, одделна спална соба со два кревета, бања, ТВ и тераса со страничен поглед на море. Во склоп на објектот има WI-FI интернет (за брзината и јачината на сигналот, Агенцијата не може да Ви гарантира со сигурност).  Клима уред  вклучен во цената.

 ПРВАТА СМЕНА  Е СО ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ  И  НЕ СЕ ОДБИВА ЗА СОПСТВЕН ПРЕВОЗ!

ПОПУСТОТ ЗА РАНА УПЛАТА НЕ ВАЖИ ЗА ПРОМО ЦЕНИТЕ!


ВОНСЕЗОНСКИ ЦЕНИ / */

СЕЗОНСКИ ЦЕНИ   / 7 НОЌИ / 


 

ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ за 7*ноќевања со вклучен превоз, трето,четврто и петто лице  доплаќаат за превоз.

Доколку се користи сопствен превоз  (7*), цените се намалуваат за 10€ по лице.

Доколку се уплатат два или повеќе аранжмани , одобруваме 7% попуст.

Попустот за рана уплата не се комбинира со попустот за уплатени два или повеќе аранжмани.

 

СЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ  СЕ ДАДЕНИ  ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН  (7,9) , превозот се доплаќа.

Превозот  чини:     35 € за возрасни ,

                                   25 € за деца од 2 до 12 години, 

                                   Деца  до 2 години бесплатно

Тргнување од Скопје: 06:00ч. пред  Дрводекор.

Превозот Ве остава до  најблиската локација на вилата,  каде може да застане и да се паркира.

Задолжителна  доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот).

 

НАПОМЕНА:

-          Во студијата и апартманите  е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот капацитет може да се смести максимум едно дете до 5,99 години;

-          Сместувањето во студијата и апартманите  е е во 14:00 (по локално време);

-          Напуштање на студијата  и апартманите е во 09:00 (по локално време);

-          Секоја направена штета се плаќа на лице место;

-          За хигиената во апартманите во текот на целиот престој се грижат гостите;

-          Попустот за рана уплата важи само за плаќање во готово и за целосна уплата.

-          За уплата на аранжман преку Синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%.

-          За резервација, задолжителна уплата од 30% аванс,во спротивно резервацијата е неважечка;

-          Доплата на целосната сума на аранжманот минимум 15 дена пред поаѓање;

-          Задолжително патничко осигурување.

-          Цените се изразени во EUR во денарска противвредност  1€ = 62,оо ден.

 

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

-          Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.

-          Организаторот не ја цени исправниост на патни документи.

-          Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода....), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

-          За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност.

-          Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга.

-          Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

-          Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм при склучување на договорот за патување.

 

 

 

Важат општите услови за патувањe на Т.А. МЕРИДИЈАН и СКТМ !