ВИЕНА | 3НП 389€ (15)
ВИЕНА 02.03-05.03.2024
02. Март (Сабота) СКОПЈЕ – ВИЕНА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 08:30 часот. Полетување за Братислава во 10:30 и слетување во 12:05 часот. Разглед на Братислава: Братиславски дворец, лоциран на ридот од каде има прекрасен поглед на градот, едно од ретките места со можност да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка. Разгледот продолжува кон старото градско јадро: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Михалската порта, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт... Организиран трансфер од Братислава до Виена (80 km) и сместување во хотел. Ноќевање.
03. Март (Недела) ВИЕНА
Појадок. Панорамски разглед на Виена: Дворецот Белведере изграден од Еуген Савојски, обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта... Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголема туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО. Вечерта, посета на ресторан и можност да се проба “вистинска” виенска шницла. Ноќевање.
04. Март (Понеделник) ВИЕНА
Појадок. Факултативно, пешачка прошетка во центарот на градот: најстарата барокна Црква Св. Петар, по познатата улица Грабен до Stephansplatz и Катедралата Св. Стефан симбол на градот и државата, Дворецот Хофбург којбил седиште на моќното Хабсбуршко царство, а денес е резеденција на австрискиот претседател... Слободно неделно попладне за виенско кафе и захер торта, уживање во атмосферата на кралската и елегантна Виена. Ноќевање.
05. Март (Вторник) ВИЕНА-БРАТИСЛАВА-СКОПЈЕ
Појадок. Трансфер од Виена до Братислава. Полетување за Скопје во 12:40 и слетување во 14:05 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:459 € / 28.460 мкд
-15% попуст за ранa уплатa до 18.01: 389€/ 24.120 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје
- Аеродромски такси
- Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
- Сместување во “Mozart” 3* во Виена на база 3 ноќевања со појадок
- Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
- Разглед на Виена со локален водич според програмата
- Разглед на Братислава според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Доплата за чекиран багаж - куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
- Пешачка прошетка во Виена со водич 20 евра
- Посета на Шенбрун 50 евра (трансфер, влезница, водич) или 10 евра трансфер до Дворецот Шенбрун
- Туристичка такса 740 мкд (се плаќа во агенција )
- Вечера во ресторан
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
- Патничко – здравствено осигурување
- Доплата за еднокреветна соба 4.200 мкд
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата. Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.