NAFSIKA House - 10/11 noki so sopstven prevoz (53)

NAFSIKA House е квалитетен. реновиран објект, се наоѓаат во мирниот, рамен дел на Парга, опкружена со маслиник, преферирана од гостите на кои не им одговара брдовитата конфигурација. Од плажата Писо Крионери е оддалеќена 550м, а од Крионери околу 650 м, по рамен пат. Објектот располага со 1/2 и 1/3 студија и 1/3 апартмани, кои се наоѓаат на приземје и на 1. кат. Сите сместувачки капацитети имаат основно опремена кујна, купатило, тераса или терасен простор со гарнитура за седење, ЛЦД ТВ, сеф и клима уред, чие користење се доплаќа 5 еур на ден на лице место. Промената на постелнината и пешкирите е на 5 дена. WI–FI интернет конецијата е вклучена во цената. Објектот не поседува сопствен паркинг, но паркирањето е можно во маслиникот покрај куќата. Мирно опкружување, а сепак на неколку минути одење до центарот на местото со голем број рибни ресторани, таверни, кафетерии, слаткарници, маркети и други содржини потребни за добар одмор.

 
 

 
 

Цените се во евра, плаќањето е во денари по курс 1 еур = 62 ден

ОПИС:

1/2 СТУДИО

во една просторија чајна кујна и 1 брачен кревет

1/3 СТУДИО

во една просторија чајна кујна и 1 брачен и 1 единечен кревет

1/3 АПАРТМАН

во една просторија чајна кујна и 1 единечен кревет, во спалната 1 брачен кревет

 

НАПОМЕНИ:

– Влезот во сместувачките единици е од 15:00 часот првиот ден, а напуштањето е до 09:00 часот последниот ден.

– За хигиената во сместувачката единица се грижат гостите. Евентуална неисправност и недостаток во сместувачките единици гостинот е должен да ја пријави на претставникот на агенцијата организатор. Секоја направена штета гостинот е должен да му ја надомести на сопственикот на објектот пред напуштање на истиот. При влез во сместувачката единица гостинот е должен да го преконтролира инвентарот и секој недостаток да го пријави на претставникот или на сопственикот. Секоја оштетување кое постоело во студиото/апартманот пред влезот, а не било пријавено, ќе се третира како штета предизвикана од гостите кои во моментот престојуваат во објектот. Гостите се должни да го почитуваат куќниот ред на објектот, во спротивно сопственикот има право да им го скрати правото на престој, а организаторот нема да ја преземе одговорноста за тоа нити е должен да ги обештети гостите за неискористениот дел од услугата.

– Димензиите на креветите во Грција се разликувааат од нашите стандарди. Грчки стандард за единечен кревет е ширина 75-90цм и должина 180-200 цм, за француски 120-150цм ширина и 180-20 цм должина. Помошните кревети се на расклопување, со дрвена или местална конструкција или фотељи на расклопување со помали димензии.

– Најголем дел од објектите во Грција користат систем на соларни бојлери за затоплување на водата, што подразбира нешто пониска температура на водата и помал притисок во одредени делови од денот од оние на кои сме навикнати.

 – Организаторот има право по пат на LAST MINUTE понуда да ги продаде свиоте преостанати капацитети по цени различни од објавените во ценовникот. Патниците кои уплатиле по објавените цени намаат право да побаруваат надомест за разликата во цена.

– Патниците се должни да ги почитуваат важечките законски и царински прописи на двете земји.

– Потписникот на договорот за патување е должен да ги извести сите патници во договорот за сите услови од истиот.

– Должност и одговорност на патниците е важноста на патните исправи. Патниците кои патуваат со пасоши на други држави се должни сами да се информираат и запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и да ги извршат потребните активности поврзани со визирање на своите пасоши.

Во случај патниците да не добијат виза за престој во избраната земја, агенцијата не презема никаква одговорност и ќе се смета за отказ на патување од страна на патникот и ќе се применуваат утврдените условите од Општите услови на патување на организаторот на патување.

– Ве молиме внимателно да ги прочитате Општите услови за патување кои се составен дел од оваа програма.