• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ИСТАНБУЛ (74)

За денот на вљубените во Истабнул
 
Термин: 13.02 – 16.02.2020
цена: 80 еур

ПРВ ДЕН – 13.02 (ЧЕТВРТОК)
Средба на групата на паркинг на ВИП ХОТЕЛ во 15:30 часот. Поаѓање за Истанбул во 16:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. За потврда на точно време и место на поаѓање, агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање.


ВТОР ДЕН- 14.02 (ПЕТОК)
Планирано пристигнување во раните утрински часови. Во хотел се оставаат куферите (просторија за багаж), патниците одмараат од долгиот пат. По одредената пауза, започнува реализација на програмата која што е предвидена. Првиот ден по самото пристигнување започнува реализацијата на пешачка тура која од џамијата во Лалели, Капали Чаршија, Сината Џамија, Хиподоромот завршува пред „Аја Софија“. Ова пешачка тура се реализира со лиценциран локален водич од кого ќе научите доста за  стариот град. Истата тура е вклучена во цената.

11:00h: Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на  Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим. Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османскит освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.12:30h: Посета на Топ Капи палатата. Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни  метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучув различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.По завршувањето со посета на „Топ Капи“ групата се враќа назад во хотел и има слободно време за ручек.

ПОСЕТА НА ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР ВЕНЕЦИЈА
Овој трговски центар е копија на градот Венеција. Создаден со канали по кои пловаат познатите венецијански гондоли, а на кои гондоли може да се возат сите посетители. Во тргвскиот центар се наоѓаат доста продавници на светски познатите брендови, а исто така може да се најдат и многу ресторани со традиционална турска храна.

ТАКСИМ
Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!. По посетата на Таксим групата се враќа во хотел. Ноќевање


ВТОР ДЕН- 15.02 (САБОТА)
Денот започнува со појадок! По појадокот групата заминува кон едно поразлично предновогодишно доживување! Денот започнува на денска журка на брод на Босфор! Светските трендови покажале дека дневните предновогодишни журки на сонце со добра музика и коктел се доста популарни, затоа очекувајте добро расположение на бродот кој ќе плови по Босфорот, а од кој ќе се набљудуваат и фотографираат најубавите места што се наоѓаат на самиот кеј на Босфорот. Истанбул има и азиски дел, доста модерен и современ! Затоа ние ве водиме на азискиот континент со панорамски разглед на модерната бизнис страна на градот по што групата завршува во едни од најлукузните трговски центри во градот.

ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ ПАЛАТАТА

Турскиот Версај. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (сопрекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја

ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ И АЗИСКИ ИСТАНБУЛ СО ПОСЕТА НА ОРТАКОY

 

Панорамски разглед на европски и азиски дел на Истанбул со лиценциран локален водич. Стадионот на Бешикташ, централното подрачје на Истанбул и бизнис зоните кадешто се стационирани највисоките облакодери и посета на Ortakoy. Мештаните сметат дека Оrtakoy e местото каде што можете најдобро да го доживеете Босфорот и најдобрите фотографии се прават од ова место. Панорамскиот разглед ќе ви даде многу одговори околу стабилната економија на градот. Моменто кога групата за првпат поминува по мостот на „Босфор’“.

ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД И ПОСЕТА НА АЗИСКИ КОНТИНЕНТ  СО ПОСЕТА НА ORTAKOY И СЛОБОДНО ВРЕМЕ ЗА РУЧЕК/КАФЕ ОД ЕДЕН ЧАС. ( Панорамскиот разглед започнува од самиот хотел со локален водич од причина што се продава во склоп на пакетот. Истиот траење до завршување на целодневната програма.

НОЌЕН ИСТАНБУЛ: Посета на Emaar Square Mall, Watergarden со посета на аквариум!
Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости.
Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. ВО аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.


TРЕТ ДЕН- 16.02 (НЕДЕЛА)

Денот започнува со доручек на групата во хотел, по што следува одјавување на рецепција. По одјавувањето на рецепција заедно со куферите групата се упатува кон автобусот и ја посетуваме фабриката ” Kоска ” ( фабрика за традиционални благи работи) и посета на фабриката за кожа.  Групата се упатума према Македонија и пристигнување во раните утрински часови на 17.02 во Македонија.

НАПОМЕНА: АГЕНЦИЈАТА ИМА ПРАВО НА ПРОМЕНА НА ПРОГРАМАТА, ДОКОЛКУ ЗАКЛУЧИ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ОГРОМНА ГУЖВА НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ ИЛИ ВО САМИОТ ГРАД! МЕНУВАЊЕТО НА ПРОГРАМАТА ВО ВАКВИ ВОНРЕДНИ СЛУЧАЕВИ, Е ВО ПОЛЗА НА ПАТНИЦИТЕ.

Задолжително: Проверете го рокот на важење на вашиот пасош. За влез во Турција рокот на важење на вашиот пасош не треба да биде помал од 6 месеци од моментот на влегување и излегување во Турција.

 

ЦЕНИ:

Промо цена: 80e по лице до 20.02.2020
Редовна цена: 90е по лице 
Термин: 13.02 – 16.02.2020


Во цената на аранжманот е вклучено: 
– Две ноќевања во хотелско сместување со 3* со појадок во населбите Аксарај/ Лалели 
– Превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
– Пешачка тура со локален водич (Хотел, капали чаршија и хиподром)
– Пратител за време на престојот од агенција
– Посета на фабриката Коска и фабриката за кожа


Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Факултативните излети ( Се плаќат во автобус исклулчиво во евра )
– Патничко осигурување ( Се плаќа во агенција )
– Доплата за сингл соба 30е за целиот престој ( Доколку патувате сам/а )
– Доплата за туристичка такса 2е за 2 ноќевања од лице ( Се плаќа во автобус )

 

Цени на факултативните излети ( Цените на факултативните излети не се вклучени во аранжманот )

 

Аја Софиа
-Посета на некогашната православна црква, а денес музеј со локален туристички водич (вклучено аудио слушалки)- Цена 20 €

Топ Капи
Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни  метри.
Цена 20€

Посета на трговскиот Венеција  и плоштадот Таксим ( Пакет )
Се купува исклучиво како пакет
Цена 10€

Крстарење по Босфорот 
Час и половина крстарење по Босфор
Цена 20€

Посета на палатата Долмабахче
Прошетка во палатата и дворците на султаните. Кемал Ататурк последните денови ги поминал во оваа палата

Цена 20€

Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на Оrtakoy
Панорамскиот разглед започнува од самиот хотел со локален водич од причина што се продава во склоп на пакетот. Истиот траење до завршување на целодневната програма.
Цена 10€

Ноќен Истанбул- Посета не Emaar Square Mall и Watergarden
Овие два трговски се најновите атракции во азиската страна во Истанбул. Во Emar Square има аквариум кој се доплаќа одделно и изнесува 13€
Цена 20€ за ноќниот Истанбул

Вип пакет ( Сите тури )- 120€
Доколку ги зимате турите одделно, сите тури изнесуват 133 евра. Доколку ги зимате како пакет имате заштеда од 13е по лице или 120е

Пакет 2 – 60€
– Kрстарење по Босфор
– Посета на Долмабахче палатата
– Панорамски разглед со посета на Ortakoy
– Ноќен Истанбул ( Emar Square Mall и Watergarden )- Не е вклучена посетата на аквариумот
Доколку овие тури се зимат одделно, кошта 70€.
Доколку ги зимате како пакет имате попуст од 10€ по лице или 60€ (цената на пакетот)

Напомена: Пакет 2 освен крстарење по Босфорот, другите екскурзии не можете да ги земете одделно од причини што сите тури се споени една со друга и е подобро за самите патници  да го доживеат градот во најдобро светло. Доколку одите само на крстарење, агенцијата е должна да ве однесе  до пристаниште и да ја реализриа екскурзијата. За враќањето се организират патниците во сопствена режија