СТАВРОС
VILA MINA (6)
Објект кој се наоѓа на 50 метри од плажа, во новиот дел на Ставрос, а на околу 500 метри од центарот на Ставрос. Апартманите се на трет спрат, со две спални соби и со директен поглед на море, модерно уредени и располагаат со комплетно опремена кујна, тоалет, ТВ, клима уред (користењето е вклучено во цената).
ТЕРМИН: |
1/4 апт |
1/5 апт |
1/6 апт |
01.07-15.07 |
60 € |
65 € |
70 € |
15.07-31.07 |
75 € |
80 € |
85 € |
01.08-15.08 |
80 € |
85 € |
90 € |
15.08-31.08 |
75 € |
80 € |
85 € |
01.09-15.09 |
60 € |
65 € |
70 € |
15.09-30.09 |
50 € |
55 € |
60 € |
Цени:
- Се дадени по апартман, од ноќ, за минимален престој од 5 ноќевања, по курс од 1€ = 61.8 ден
- Во студијата/апартманите дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
- Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа директно во објектот. Користењето на клима е вклучено во цената.
Напомена:
- Дадената понуда е на барање. За потврда на резервација од страна на сместувачките капацитети потребно е време од 24 - 48 часа.
- За резервација потребна е аконтација од 30% од вкупниот износ на аранжманот, додека останатите 70% од износот треба да се доплатат најдоцна 7 дена пред поаѓање.
- За дадената понуда може да се користат COVID-19 ваучери издадени во 2020 година
- За сите нови резервации, во случај да не може да се организира патувањето поради виша сила, агенцијата гарантира рефундација на уплатените средства
- Во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот, дозволена е промена на патници, доколку патникот најде замена, во било кој временски период до поаѓање.
- Задолжително е здравствено и патничко осигурување и е одговорност на патникот да го набави во туристичка агенција или осигурителна компанија
- Патниците се одговорни за валидноста на нивните документи за влез во Грција, освен ако истите се во организација на агенцијата (PCR тест и PLF формулар).
- Патниците се одговорни за важноста на нивните патни исправи, како и за бројот на искористени денови за престој во ЕУ (максимум 90 дена во временски период од 180 дена).
- Агенцијата не е одговорна за интензитетот и квалитетот на интернет врската во сместувачките капацитети во текот на престојот на гостите, како и за периодите со топла и ладна вода и притисок на вода, кои зависат од инфраструкутрата на дестинацијата.
- За аранжманот важат “Општи услови за патување за агенции членки на СКТМ” и условите на Т.А.Меридијан
- Со потпишувањето на договорот за патување, патникот ги прифаќа и се обврзува да ги почитува условите од куќниот ред објавени електронски.
- Со потпишувањето на договорот за патување, патникот потврдува дека е свесен за ризиците кои може да произлезат од патување во време на пандемија и дека за истите агенцијата не сноси никаква одговорност
Куќен ред:
- Студијата/апартманите се напуштаат во 08:00 часот, во студијата се влегува после 14:00 часот
- Гостите се сместуваат во претходно подготвени и уредени соби, со обврска сами да се грижат за редот и хигиената на истите во текот на престојот. По завршувањето на престојот гостите се обрзани да ги остават студијата/апартманите во пристојно чиста состојба.
- При употреба на клима уредот се молат гостите да ги затвораат вратите и прозорците. При напуштањето на студијата/апартманите се молат гостите да го исклучуваат клима уредот. Во спротивно, сопствниците на сместувачките капацитети имаат право да го забранат користењето на услугата.
- Гостите се должни да ги остават апартманите и студијата во иста состојба како што ги затекнале. Опремата во студијата/апартманите и на терасите да биде неоштетена. Инвентарот мора да биде на број.
- Во случај на направена штета или губење на клучеви, гостите се должни да ја надокнадат штетата и да платат кај сопствениците на сместувачките капацитети пред заминување.
- Во случај на забелешки во врска со сместувањето или евентуални проблеми настанати во текот на престојот, гостите се должни да ја пријават забелешката или проблемот кај сопствениците на сместувачките капацитети и претставнците на агенцијата во текот на нивниот престој. Агенцијата не сноси одговорност за забелешки и проблеми пријавени после завршувањето на престојот на гостите