• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

8 МАРТ

ВИЕНА (15)

 

06 Март (петок)  ВИЕНА

Состанок на групата на паркингот спроти Хотел Holiday Inn во 15.00 часот. Тргнување за Виена во 15.30 часот. Се патува преку граничен премин Табановце и Србија, Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

07 Март (сабота) ВИЕНА

Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: Рингштрасе, Катедралата Св. Стефан и Штефанплац, Бургтеатар, Музејскиот кварт, Палатата Хофбург, Дворецот Белведере (без влез), Операта, Гратското Собрание Ратхаус, Парламентот, Универзитетот... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

08 Март (недела) ВИЕНА – ВИЕНСКИ ШУМИ

Појадок. Факултативна можност за полудневен излет Виенски Шуми, со посетa на најголемото подземното езеро Зегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер. Потоа се продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и завршува во  живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

 

09 Март (понеделник) ВИЕНА - ШЕНБРУН

Појадок. Факултативна посета на Кралскиот Дворец Шенбрун, летната резиденција на Хабзбуршката монархија, кој говори за животот на многу познати личности како Франц Џозеф , Марија Антоанета и др. Посетен од милиони туристи годишно, палатата заедно со неговите градини е една од најголемите туристички атракциии во Виена. Слободнo време за прошетка по познатата улица Mariahilfer  strasse и центарот на Виена. Во договорено време заминување за Скопје. Ноќно возење со попатни паузи за одмор ицарински формалности.


10 Март (вторник)

Пристигање во предпладневните часови.

 

Цена во предпродажба до 31.018.000 денари (129 евра)

ЦЕНА НА АРАНЖМАН:  8.620 денари (139 евра)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

Превоз со модерен туристички автобус на наведената релација

Сместување во Хотел 3*  во Виена на база 2 ноќевања со појадок

Организација на аранжманот и придружник на патувањето.


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Организиран разглед на Виена 10 еур ( задолжителна доплата)Виенски Шуми 30 еур  ( полудневен излет  за мин. 25 пријавени лица)

Посета на Шенбрун со вклучена влезница 30 евра

Задолжително патничко-здравствено осигурување

Влезници во музеите и културно – историските споменици

Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден


Напомени:
-        За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

За овој програм важат Опшите Услови на патување на т.а.Меридијан.

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд

Т.А.Меридијан го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.   
Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето

 

Напомена: 

Организиран групен трансфер за сите дестинации од: Охрид, Битола, Прилеп , Кавадарци( Дреново) , Неготино, Струмица, Штип, Велес до местото на поаѓање во Скопје.

Трансферот е  комбиниран и групен за сите програми со сигурна реализација и ќе биде во раните утрински часови на денот на поаѓање и во попладневните или вечерните часови на денот на пристигање.

Времето и местото на поаѓање по градови кон Скопје ќе биде дефинирано мин. 1 ден пред датумот на поаѓање и истото ќе биде адаптирано спорд  дестинацијата кој има најрано време на поаѓање од Скопје.

Времето на враќање од Скопје кон наведените градови ќе биде дополнително утврдено и за истото патниците ќе добијат информација од пратителот на патување на секоја дестинација во автобус неколку часа пред пристигнување во Скопје.