• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA BELLA GRECIA (2)

Мораитика е модерно туристичко селце кое лежи околу природен залив. Селото е, оддалечено 20км од главниот град Керкира, каде има голем број на ресторани, таверни, барови и продавници за да задоволат сечиј вкус.

 
ВИЛА БЕЛА ГРЕЦИА

Вилата е лоцирана во Мoраитика на околу 7 мин од плажа. Располага со двокреветни и трокреветни студија на прв и на втор спрат. Сите соби имаат балкон, ТВ, клима уред (дополнително се наплаќа), мини кујна (шпорет со грејни тела, фрижидер, комплет прибор) и бања со туш. Вилата има и сопствен базен. Бесплатен интернет на базен.

 

НАПОМЕНА
 Цените се дадени по лице за 7 и 9 ноќевања со вклучен превоз и карта за траект!
Трето лице бесплатно, плаќа само за превоз.
Возрасен: 75 еур (4.635 мкд), дете од 2 - 11.99 год.: 55еур (3.999 мкд)Цена за превоз на возрасен 75€ (4.635мкд), за дете 55€ (3.399мкд)
Користење на собите започнува првиот ден од 14:00 а се напуштаат во 09:00 последниот ден. (Локално време)
За пакет аранжмани од 9 ноќи со сопствен превоз се одбива 25€ од вкупната цена по лице.
Поаѓање од Скопје од Автобуска станица, еден ден пред наведените датуми во 22:00 часот.
Враќање последниот ден во вечерните часови.
Доплата за користење на клима 6 еур на ден (се плаќа локално)
Доплата за туристичка такса - 0.5€ по соба на ден.
Плаќање на рецепција.
ОПШТИ УСЛОВИ
 За резервација задолжително уплата аванс 30% од вкупниот износ, целосна доплата 7 дена пред патување.
За резервации направени на EARLY BOOKING, целосна уплата до наведениот датум
Задолжително здравствено и патничко осигурување 240 мкд (за лица до 65 години) за пакет аранжман од 7 ноќевања, и 310 мкд (за лица до 65 години) за пакет од 9 ноќевања.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата.
Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
За хигиената во собите за време на престојот се грижат самите гости, сите настанати штети за време на престојот се на товар на патниците!
Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусотЗа ова патување потребен е валиден биометриски пасош (минимум важност 90 дена од денот на враќање во државата) и бел лист (виза не е потребна); не се потребни посебни вакцини.
За овој аранжман важат општите услови на патување на Меридијан, побарајте ги во агенцијата.
Цените се дадени по лице во евра, плаќањето е во денари (1 еур = 61.8 мкд.)
т.а. „Меридијан“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.Секој нов данок (за престој или слично) кој може да стапи на сила од јануари 2018 година ќе се плаќа по пристигнување во хотелот или апартманот директно од клиентот
Патниците се должни да се јават во агенцијата неколку дена пред поаѓање да се информираат за времето на поаѓање
Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
Во смените означени со (*) - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ НЕ ВАЖИ
ПРОГРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ
Состанок на групата 30 мин пред поаѓање на Главна Автобуска Станица Скопје (на перон 1 или 2)
Поаѓање за наведената дестинација преку Граничен Премин Богородица
Пристигнување и сместување во одбраните капацитетиДенови на престој (7 или 9)
Последниот ден собите се напуштаат во договорено време (наведено во куќен ред)
Попладневните часови поаѓање за Македонија
Пристигнување во вечерните часови на Главна Автобуска Станица Скопје