Направи резервација

НАПРАВИ АВИОНСКА РЕЗЕРВАЦИЈА

Почитуван патнику,

Доколку сакате да посетите некоја егзотична дестинација, да ги посетите роднините каде и да се во светот, да се запознаете со нови места во светот, да прошетате на некои од прочуените европски плоштади, да учевствувате на некој за Вас значаен настан , или едноставно во природа Ви е да летате ширум оваа Планета ...

Контактирајте не, а ние ќе се потрудиме да Ви пронајдеме најповолен авионски билет, најсигурна авиокомпанија, најдобро поврзани летови...

Можете да купите авионски билет без да доаѓате во агенцијата.

Билетот доколку сакате, Ви го доставуваме на Вашата адреса или e-mail бесплатно.

Контактирајте не и ќе добиете одговор во најкраток можен рок...

Нудиме најповолни авионски билети за сите светски дестинации .Со помош на резервацискиот систем Amadeus, Ви ги обезбедуваме сите информации за планирање на Вашето патување по најповолни тарифи преку релевантни светски авиокомпании .

Amadeus – глобален дистрибутивен систем (GDS), е информатичка мрежа од глобални размери која овозможува сите расположиви услуги во областа на патувањето - места на летови, во хотели и на бродови , rent-a-car итн, да бидат достапни преку посебни компјутерски апликации, на продажни места ширум светот и тоа во истиот момент кога ќе се внесат во систем.

Меридијан користи услуги од системот Amadeus GDS.

Кликнете тука за да пополните формулар за резервација на авионски билет.

Пред да ни пратите барање за резервација прочитајте ги овие корисни информации за патување со авион.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛЕТОВИ И ЦЕНИ

На цената на авионскиот билет влијаат овие параметри :

  • крајна дестинација до каде патувате
  • датум на патување
  • должина на престој
  • датум на враќање ( ако е повратен билет )
  • година на раѓање на патникот.

Во овој случај имаме можност да Ви понудиме авионски билет по најповолна цена која во тој момент е расположива.

РЕЗЕРВАЦИЈА НА АВИОНСКИ БИЛЕТ

За да Ви резервираме авионски билет мора точно да знаеме име и презиме на патникот кое мора да се поклопува со податоците од пасошот, датумот на раѓање при што патникот можеби ќе припаѓа во категорија на патници со попуст, контакт телефон или e-mail што дава можност да бидете известени од страна на агенцијата или авиокомпанијата за било какви промени во редот на летање, за можни промени во цената на авио билетот, аеродромските такси, рокови за купување на авионскиот билет, други услови поврзани за Вашето патување кои авиокомпаниите можат да ги воведат и друго. Ако дојде до непочитување на рокот за купување на авионскиот билет истиот може да биде сторниран. Резервацијата Ви чува само место во авионот но не Ве штити од промената на цената на авио билетот, аеродромските такси, времињата на летање итн.