• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

VILA CAVO D' ORO (1)

 

Вилата се наоѓа во местото Пефки, на прва линија до море. Вилата располага со студија за сместување на две или три лица. Секоја од собите има комплетно опремена кујна, тоалет, тераса, ТВ и клима. Во склоп на вилата се наоѓа ресторан-пицерија која на плажа има свои лежалки и чадори, кои со нарачан пијалок или кафе може да ги користите во текот на денот.

                      РЕДОВНИ ЦЕНИ (наем за 7 или 9 ноќевања, со сопствен превоз)
* Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 или 9 ноќевања (без превоз)
* Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)

                            ПАКЕТ АРАНЖМАН (7 или 9 ноќевања со автобуски прeвоз)

* Цените се однесуваат за пакет аранжман по лице ( 7 или 9 ноќевања со вклучен превоз) за минимум 2 возрасни лица во студио / апартман.
* БЕСПЛАТНО сместување за трето и четврто лице на дополнителен кревет, плаќа само превоз 55 €  (40 € деца 2-12 години).
* Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Употребата на клима уред во објектите е бесплатна (каде што е достапен)
- Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- За уплата на две смени одобруваме попуст од 10% на втората смена.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата) 

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ и БРОДСКА КАРТА: 55 € (40 € за деца 2-12 год.)


ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
* Цените се објавени во Travel Info бр.100, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2019 година. 
* Цените со попуст важат за резервација и уплата на 50% од износот на аранжманот до датумот на важност на попустот. Уплатениот износ од 50% не се враќа ако патникот го откаже патувањето.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.  
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. 
Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !

НАПОМЕНA:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
                                                                                

Автобуски превоз за ЕВИА, според табелата од пакет аранжманот:

Место и време на поаѓање:
Скопје      00:30 h    (паркинг спроти хотелот "Holiday Inn")
Велес       01:00 h    (бензиска пумпа, мотел Македонија)
Неготино   01:30 h    (бензиска пумпа, Макпетрол)
Смоквица  02:00 h    (бензиска пумпа, РТ петрол)
Гевгелија  02:30 h     (бензиска пумпа, граничен премин Богородица)
Поаѓање од Грција: 14:00 h (локално време, 13:00 мак. време)

Превоз со конекција од следните градови (со доплата 10 € по лице)
Куманово    23:00 h *      (БП Макпетрол, автобуска станица)
Гостивар     22:00 h *      (паркинг кај Дом на култура)
Тетово        23:00 h *      (кружен тек кај Дом на култура)
Кочани       23:10 h *      (БП Макпетрол, кај Основен суд)
Штип          23:55 h *      (паркинг пред пошта)
Кичево       22:45 h *      (БП Пуцко петрол, спроти ТА Меридијан)
Струга        21:30 h *      (хотел Дрим, трафики)
Охрид         21:45 h *      (БП Лукоил, кај автобуска станица)
Ресен          22:30 h *     (спроти автобуска станица)
Битола        23:30 h *      (паркинг кај спортска сала)
Прилеп        00:15 h        (БП Лукоил)
Кавадарци   01:00 h        (паркинг кај гранична полиција)
Радовиш      00:15 h        (БП Макпетрол)
Струмица     01:00 h        (паркинг пред Тинекс)
* Превоз со конекција од градови обележани со "*" поаѓањето е ден порано од терминот на автобус.
 
ПАТНИ ИНФОРМАЦИИ (сопствен превоз)

Насока: Скопје-Евиа, Пефки (495 km)
Скопје-Athens (E75), Glyfa (пристаниште), Ferryboat Glyfa-Agiokampos (30 min), Agiokampos (пристаниште)-Istala-Pefki
Трошоци во еден правец: (износите се променливи)
патарини MK (180 ден), патарини GR (16,10 €), брод/автомобил од 13,5 € , брод/патник 2,30 €